(Видео) Во вселената лета астероид што може сите на планетава да ги направи милионери

НАСА откри астероид во вселената кој може сите на планетава да ги направи милијардери. Астероидот 16 Psyche е астероид полн со метали и се наоѓа некаде меѓу Марс и Јупитер, пренесе bigthink.

Астероидот всушност бил откриен уште во 1852 година од страна на италијанскиот астроном Анибале де Гаспарис и именуван по грчкиот митолошки лик Психе.

Тој е направен од злато и други метали како железо и никел, а астероидниот појас во кој лета би можел да вреди 700 квинтилиони долари, велат експертите. Еден квинтилион е 1 со 18 нули. Тоа е сума која ако се подели меѓу сите луѓе на Земјата, секој би добил околу 93 милијарди долари.

Астероидот е еден од најголемите што летаат во астероидниот појас. Експертите како професорот Зарнецки од Кралското астрономско друштво, претпоставува дека човекот е 50 години далеку од тоа да може на него да извршува некакви комерцијални рударски операции.

Од НАСА пак планираат да го посетат до 2026 година. Тие планираат да го испрати роверот Дискавери во 2022 година, а истиот треба да слета на астероидот до 2026 година.

Некои од експертите како што е Питер Шиф од Euro Pacific Capital смета дека астероидот е целиот направен од легура на железо-никел и дека има мали количини од другите метали. Тој смета дека астероидот може да му помогне на биткоинот кој би имал корист од падот на цената на златото.

„Има и други прашања што треба да се земат во предвид. Ако навистина е толку полн со злато и други богатства, астероидот всушност би можел да ја сруши економијата на Земјата, која со 75,5 трилиони долари е ситна сума во однос на сумата на пари што може да се добие“, вели Шиф.

Рударот ветеран Скот Мур, кој е и извршен директор на рударската компанија EuroSun Mining, за Oil Price објасни дека: „Титаните од злато“ во моментов контролираат стотици имоти со најдобро производство низ целиот свет, но 4-5 милиони унци злато што се носат на пазарот секоја година се бледа сенка во споредба златото кое што може да биде достапно од вселената.

Тој смета дека огромното количество тешки метали од вселената може само да ги уништат работите на Земјата, моменталната состојба на економијата и потребите на денешницата.

„Во иднина по многу децении од сега, нашите барања за метал може да бидат сосема различни“, смета Мур и додаде дека има и други можности за рударство многу поблиску до Земјата.

Мур истакна дека иако астероидот можеби претставува Светиот грал на вселенското истражување за злато, астероидите кои се поблиску до Земјата се многу подобри цели за ископување.

„Дури и нашата месечина може да биде подобро место за започнување на такви операции. Има и злато, како и платина и други метали од ретки земји. Во други поблиски цели, Deep Space Industries и Planetary Resources планираат да го минираат астероидот 2011 UW158, вреден до 5,7 трилиони долари“, објасни Мур.

Експертот Морган Стенли проектира дека глобалната вселенска економија вреди 350 милијарди долари и мисли дека ќе порасне на трилиони до 2040 година. Тој прогнозира дека трката ќе биде меѓу САД, Кина, Јапонија, па дури и малиот Луксембург, кој има регистрирано 10 компании за вселенско ископување.

Scroll to Top