(Видео) Војник на Ким не ги издржа подготовките за парадата па од страв побегнал од војската

На еден од војниците на Ким му се слошило и паднал за време на подготовките на парадата која треба да се одржи следниот месец во Северна Кореја. Парадата ќе биде одржана во знак на 75-годишнината од основањето на Корејската работничка партија.

Откако на војникот му се слошило, тој ја напуштил војската и побегнал за Јужна Кореја, поради малтретирањатао на кои бил изложен. Сите војници кои не можат да ги издржат подготовките ги чека слична судбина, пренесуваат тамошните медиуми.

Северна Кореја се подготвува за парадата на 10 октомври, а војниците кои се одбрани се принудени  да минат неколкумесечни тешки тренинзи.

„Кога марширате на воената парада, што е национален настан во Северна Кореја, чувствувате силна болка, како да ви пукнале цревата“, велат војник кој учествувал на парадата.

„Војниците кои учествуваат во годинашната парада, на 75-годишнината од основањето на Работничката партија, веројатно ќе страдаат од последиците од обуката за парадата уште некое време по нејзиното завршување“, додава тој.

„Поради тоа што поголемиот дел од обуката се одржува во лето, војниците страдаат од екстремните летни температури и незамисливи обуки од висок интензитет“, дополнува тој.

Очигледно ваквите тренинзи биле премногу за еден од војниците, кој побегнал на 5 септември.

Друг извор во севернокорејската војска, кој не именувал ниту една единица ниту војник, изјавил дека станува збор за 22-годишен дезертер, за кого велат дека бил подложен на екстремна обука и постојано малтретирање.

„Го напушти центарот за обука на воената парада на аеродромот Мирим, кој се наоѓа на периферијата на Пјонгјанг, во утринските часови на 5 мај“, вели изворот.

Тој вели дека војникот бил постојано вербално злоупотребуван  и казнуван од заменикот на водот, еден ден пред да дезертира.

„Се опушти на тренингот и не успеа да маршира во колоната, а нозете не му беа на правилна висина. Не му беше само оваа обука тешка“, изјавил изворот.

Scroll to Top