(Видео) Вонземјани ја посетиле Земјата, откриени докази во Африка

Во новата студија направена во Центарот за молекуларна биофизика во Франција (CNRS) научницит еоткриле вонземјанска органска материја која, како што велат, била заробена во вулканските карпи во планината Маконџва во Јужна Африка. Материјата е стара три милијарди години.

Од раната историја на Сончевиот Систем, Земјата била бомбардирана од метеори и друг вид вселенски карпи, а според некои теории, со нив пренеле материи и организми, кои го овозможиле продолжувањето на животот на Земјата.

Откриената вонземјенска органска материја во планините на Јужна Африка, само ја потврдува оваа теорија, велат научниците.

„Ова е првпат да пронајдеме реални докази за вонземјенски јагредот во земјените карпи“, изјавил Франсес Вестал, астробиолог од CNRS.

Во вулканско лежиште во регионот на планината Маконџва, истражувачите откриле плиток слој на карпи кои покажувал некакви абнормални карактеристики.

Меѓу нив постоеле два вида нерастворени вонземјени органски материи, што претставува најстара органска материја на вонземјанско потекло која е пронајдена на Земјата, пренесуваат медиумите во Канада.

На некои од карпите пронајдени се и наночестички од никел, хром и железо, нешто што не е вообичано меѓу карпите кои настанале на Земјата.

„Овој факт сугерира дека споменатиот слој на камења се појавил благодарение на сударите со вселенските карпи кои доаѓаат длабоко од вселената“, објаснил Дидие Гурие, водечкиот автор на студијата и истражувач од истражувачкиот универзитет „ПСЛ“.

Во заклучокот научниците изнеле теорија дека вонземјанската органска материја паднала на земјата со миктометеорите кои се помешале во атмосферата со вулканската пепел, а потоа биле заробени во вулканските карпи на планината Маконџва во Јужна Африка.

Scroll to Top