(Видео) За едни мртов, за други жив, Ким Џонг Ун на 1 мај снимен како отвора фабрика

By

Додека едни тврдат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е мртов, во јавноста се појавија нови информации и снимки за него, кои потврдуваат дека е жив. Последната снимка која се шири на интернет, е доказ дека Ким е жив и дека деновиве бил присутен на отворање на фабрика, пишува b92.net.

Ова го тврди јужнокорејската новинска агенција Jonhap, пренесуваат светските медиуми. Повикувајќи се на извештај на државната телевизија, агенцијата Jonhap од Сеул известила дека Ким се појавил на церемонијата на отворањето на фабриката во индустрискиот град Сунчеон.

„Церемонијата на завршувањето на фабриката во Сунчеон, одржана е на 1. мај, на Меѓународниот празник на трудот“, пренесува Jonhap.

Ким според наводите на медиумите се појавил со својата сестра Ким Јо Џонг. Тој ја пресекол црвената лента на отворањето на фабриката, пишува „Би-Би-Си“.

Новинската агенција KCNA, известила дека луѓето на Ким го дочекале со громогласен аплауз, а на радио наводно бил емитуван неговиот говор.

„Нашата партија, врховен командант на Народната република Кореја, другарот Ким Џонг Ун, водачот на вооружените сили на земјата, се појави на церемонијата“, е наведено во извештајот.

Додека новинската агенција Jonhap тврди дека е жив, научник кој побегнал од Северна Кореја и станал пратеник во јужнокорејскиот парламент Ји Сеонг Хо, тврди дека 99% е сигурен дека Ким е мртов и дека власта ќе ја превземе неговата сестра. Ји навел дека бил известен дека Ким починал пред недела дена.

Според него, веста за неговата смрт Пјонгјанг можела да ја објави за време на викендов, но можно е истовремено да биде соопштен и неговиот наследник, односно сестра му Ким Јо Џонг. Ји прецизирал дека Ким починал минатиот викенд по кардиоваскуларната опреација, пренесува британски „Мирор“.

Тој додал дека Северна Кореја не ја соопштила веднаш веста за смртта на нивниот лидер и прогласила период на жалост, затоа што се соочува со компликувано прашање на сукцесија.

Ким пред видеото на кое отвора фабрика, последен пат бил виден во јавност на 11. април, на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија. За неговото здравје се шпекулираше, особено откако не присуствуваше на прославата на 15. април, националниот празник, денот на роденденот на неговиот дедо.

Светските медиуми од тогаш пишуваа дека здравствената состојба на Ким е нарушена, а некои шпекулираа и дека е мртов. Во медиумите кружеа информации дека тој бил подложен на кардиоваскуларна опреација и дека по неа, тој е во вегататина состојба. Засега тие информации не се официјално потврдени.

Други тврдеа и дека врз него бил извршен атентат и дека Ким, бил убиен на ист начин како и неговиот татко и дедо претходно. На социјалната мрежа Veibo се појави и фотографија на која Ким е во стаклен ковчег, но досега не е потврдено дали истата е автентична или монтирана.

 

Извор/Курир.рс/аа/b92.net

Ќе ви се допадне