(Видео) Жената која го предвиде распадот на СССР ја кажа прогнозата и за 2020

Евгенија Јувашевна Давиташвили, позната како Џуна, е најпопуларниот пророк од осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Во поранешниот СССР важела за вистински феномен, а била позната како руска исцелителка, спасителка, сликарка и астролог.

Евгенија тврдела дека може да ги излечи луѓето од рак, за кратко време да излечи луѓе со скршеници на рацете и нозете. Таа тврдела дека може да им го продолжи животот на луѓето и за повеќе од 100 години.

Починала во 2015 година, на 65-годишна возраст. Евгенија починала од мозочен удар, а била погребана покрај нејзиниот син, кој починал во 2001 година.

Нејзините предвидувања останале запаметени како детални и точни. Во деведесеттите била ректор на Универзитетот за алтернативна медицина во Коломба, а нејзиниот живот останал голема мистерија. Многумина веруваат дека работела за тајни служби, па дури и дека нејзината смрт не била случајна.

Таа за периодот од 2020 година до 2025 година изјавила дека светот го очекува глобална катаклизма, но дека не треба да се плашиме од Трета светска војна.

Ќе има многу тензии, па и покрај тоа што нема потреба од страв од воена состојба, не негирала дека се можни повеќе локални конфликти. Според неа, 2020 година нема да биде нималку розова. Евгенија тврдела дека само преку традиционалните вредности, можеме да доживееме просперитет.
Само неколку дена пред нејзината смрт предвидела пет тешки години. По половина деценија тешкотии, Евгенија изјавила дека луѓето ќе го кренеле својот глас и ќе дојде време на просперитет.
Според нејзино мислење, позитивни промени се можни само ако сите заедно учествуваме во градење нов живот. Кај Евгенија за помош и совет се обраќале голем број моќни политичари и луѓе од целиот свет.
Редовен клиент ѝ бил министерот за надворешни работи на СССР во периодот на Михаил Горбачов, а подоцна и грузискиот претседател Едуард Шеварднадзе. Истовремено, Евгенија го лечела големиот советски режисер Андреј Тарковски, кој тогаш веќе стекнал неформален статус на дисидент.
Доаѓале и припадници на советската врхушка, странски дипломати и нивните жени. Московската елита и голем број советски уметници и светски ѕвезди, како Роберт де Ниро и Марчело Мастројани, исто така често ја посетувале Евгенија. Таа се дружела и со поранешниот руски претседател Борис Елцин.
Евгенија имала толкаво внимание што ја нарекувале советскиот Распутин, споредувајќи ја со исцелителот кој имал толкаво големо и погубно влијание врз судбината на руското царство и династијата на Романови. Подоцна за неа се ширеле гласишта дека учествувала во тајни експерименти на КГБ и дека била непогрешлива во предвидувањето на иднината. Наводно ги  предвидела и нуклеарната катастрофа во Чернобл, распадот на СССР и датумот на нејзината смрт.

И покрај скепсата на луѓето од науката, очигледно дека советскиот, а подоцна и рускиот политички врв ја сметале Евгенија за значајна и заслужна личност. Таа неколку пати била наградувана, а добила и Орден за пријателство на народот во 1994 година од Борис Елцин.
Кога починала, од нејзиниот сеф била украдена документација за недвижностите, но и извештаи за кои се верува дека ги содржат мрачните тајни на Кремљ.
Веднаш се наметнало прашањето кој е крадецот и во чиј интерес било да исчезнат исповедите на нејзините пациенти, од Роналд Реган и Леонид Брежњев до Никита Михалков, режисер кој важел за близок до актуелните руски власти, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.
Scroll to Top