Вирусот убиец излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје во Вухан

By
Постојат сомневања дека смртоносниот вирус излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје која се наоѓа во градот Вухан, од каде се прошири вирусното заболување, пишува Блиц.бг.

Речиси не се споменува дека постои врвна лабораторија за безбедност, изградена токму за борба против ваква инфекција. Ниту вицепремиерот на Националната здравствена комисија (НХЦ) Ли Бин, ниту Гао Фу, директор на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, не кажаа ништо на брифинг во Пекинг во средата, иако многумина зборуваа за непознатото потекло и природата на болеста. Коронавирусот е опасен, мутантен, вирус од класа Б, пишува hindustantimes.com.

Како што пишува бугарскиот портал, Кина ја отворила оваа лабораторија во јануари 2018 година за биосигурност на Вухан. Лабораторијата е изградена за да ги испита опасните патогени микроорганизми, како што е сега раширениот коронавирус, за истражување и пронаоѓање на лек за нив – дел од долгорочното планирање по епидемијата на САРС 2002-03 година во Кина, кога починаа над 700 луѓе.

Кина ja изгради лабораторијата во Вухан за да ги проучи САРС и еболата, а американските експерти за биосигурност уште тогаш предупредуваа дека вирусот може да „избега“ од објектот што стана клучен во борбата против епидемијата, објави „Дејли мејл“.

Сега, коронавирусот сличен на САРС зарази повеќе од 800 луѓе таму, ширејќи се во најмалку 10 други земји и убивајќи 25 во Вухан и околните провинции.

Ќе ви се допадне