Владимир Путин тврди дека не користи двојник

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за агенцијата ТАСС вели дека никогаш не користи двојник иако понекогаш тоа го налагаат протоколите поради безбедносни причини. Тој признава дека на почетокот му било понудено од неговите луѓе во обезбедувањето да добие двојник, но тој ги одбил.

„Не сакав дублер. Иако тоа беа времиња кога се водеше војна против тероризмот, сепак ја одбив таквата идеја“, изјавил Путин за ТАСС. Новинарите имаа можност да водат интервју со рускиот лидер,  под името „20 прашања со Путин“.

Путин се потсети дека на почетокот му советувале дека му бил потребен двојник, барем за настапите на кои неговиот живот можел да биде доведен во опасност. Путин вели дека уште тогаш им дал на знаење дека никогаш нема да користи дублер за свите настапи.

За време на интервјуто е откриено дека преку интернет најпребаруван е „Двојникот на Путин“. Тоа било меѓу најпоуларните претраги во светот. Низ последните децении, Путин постојано бил прашуван од страна на новинарите и голем број  луѓе за тоа дали тој користи двојник.

Во декември 2001 година една жена му поставила прашање во емисија во живо. Таа тогаш тврдела дека Путин користи двојник за време на одржување на големи важни состаноци, дури и оние на највисоко ниво. Путин тогаш одговорил дека не користи таков „мамец“.

Scroll to Top