Во Германија се одржуваат масовни протести против владините мерки за заштита од коронавирусот. Многумина сметаат дека станува збор за лажна пандемија и ја обвинија владата за намерно ширење на страв од лажна пандемија и лишење на човековите права.
Протестите против владините мерку беа одржани во неколку германски градови, а протестите според наводите на полицијата, поминале мирно.
Повеќето од лицата кои излегоа на улиците, се собраа во градот Минхен. Претходно полицијата спречи движење на одредена група на луѓе, кои не се придржувале на мерките, како што е носењето на заштитни маски.
Организаторот на протестите, здружението „Куерденке 089“, ги повика учесниците, прво да се разотидат, а потоа повторно да се соберат на местото каде требаше да се одржи Октоберфест.
Противниците на мерките и оние кои се против вакцинација, носеа маици на себе на кои пишувало „Против задолжителната вакцинација, државно насилство, нечесни медиуми и предавници на народот“. Помалите протести, со околу илјада учесници беа одржани и во Хановер и Висбаден.