Во 2019 година не чека светски конфликт и доаѓање на нов лидер

By

Познатиот француски пророк и лекар од 16 век, Нострадамус во својата книга, издадена во милиони примероци, годинава предвдува дека ќе се случи голем светски конфликт ѝ најавува дека на сцена ќе дојде нов светски лидер, пишува астрологот Велимир Ремиќ, на својот веб портал.

Нострадамус е познат по неговите предвидувања кои се оствариле. Тој ги предвидел двете светски војни, нуклеарното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки, слетувањето на Месечината, смртта на принцезата Дајана, терористичкиот напад на Кулите близначки во Њујорк во 2001 година.

За 2019 година Нострадамус предвидел дека ќе се случај неколку потресни пророштва. Голем вулкан и земјотрес ќе ги погоди Соединетите Американски држави, поконкретно Флорида, Џорџија, Јужна Каролина и Тексас.

Ќе бидат загрозни милони луѓе, а тоа ќе биде најголемата природна катастрофа во историјата на САД. Европа ќе биде поплавена со незапаметени размери. Најмногу штета ќе претрпе Унгарија, Италија, Чешка и Велика Британија.

САД и европските земји ќе се соочат со потешкотии околу мигрантите, но и со зголемениот број на терористички напади. Според предвидувањата на Нострадамус, ќе биде зголемен верскиот екстремизам на Блискиот исток кој ќе влијае на миграцијата на жителите и зголемениот број на бегалци кон Европа.

Кина ќе стане нов светски лидер. Глобалното затоплување исто така ќе предизвика голем број на вооружени конфликти. Третата светска војна ќе вклучи две големи суперсили и ќе трае 27 години. Се верува дека третата светска војна ќе почне по смртта на последниот папа (оној кој ќе дојде по смртта на папата Бенедикт 16).

Според записите на Нострадамус, ден на сончевото затемнување ќе се случи на 23 јули 2019 година. Тоа може да значи почеток на катастрофа за Католичката црква, но и другите христијански цркви. Убиството на поглаварот на римокатоличката црква ќе доведе до хаос ширум светот, а овој настан ќе се случи во времето кое е пред нас, предвидува Нострадамус.

 

Ќе ви се допадне