Во финансиска криза невработените и ментално нестабилните лица лесно заболуваат од рак

Зголемениот број на невработени и зголемените финансиски кратења во здравството во развиените земји кои следеа по финансиската криза во 2008 година, придонесоа за зголемување на бројот на смртни лица заболени од карцином.

Неодамнешното истражување покажува дека станува збор за бројка од околу половина милион луѓе. Како последицата од економската криза која почна во 2008 година, во земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој, од карцином се разболеле и од таа болест умреле 260.000 луѓе. Податокот се однесува на периодот меѓу 2008 и 2010 година.

Меѓу нив има 160.000 починати од неизлечиви болести во земјите членки на ЕУ, објави британски Ланцет.

„На глобално ниво во истиот тој период од последица на рак починале 500.000 лица повеќе од што претходно статистиката покажала“, вели доктор Махибен Марутхап од лондонскиот Imperial Колеџ кој го водел истражувањето.

„Ракот е главна причина за смртноста во светот и клучно е да се обидете да сватите на кој начин економските промени влијаат на преживувањето на оваа тешка болест“, смета Марутхап.

Во текот на 2012 година, од рак во светот починале 8,2 милиони луѓе.

Во државите во кои не постои социјално осигурување, пристапот на лечење често зависи од договорот за труд. Ако сте невработени, тогаш кај вас ризикот да се откри навремено оваа болест и да се излечи е многу голем. Нивното лечење најчесто се одвива на многу ниско ниво, или е задоцнето“, вели професор Рифат Атун од Харвард.

Невработеноста и економските кратења во здравството, особено ги погодуваат ментално нестабилните лица. Lancet Psychuatry во февруари 2015 година објави дека секоја година во 63 земји кои се опфатени во истражувањето, евидентирани се 45.000 самоубиства на лица кои се невработени.

 

 

Scroll to Top