Во иранскиот парламент запалено американското знаме

By

Доналд Трамп во вторникот ги повлече САД од дговорот за нуклеарен договор и го зголеми ризикот за конфликт на Блискиот Исток. Ваквиот потег ги вознемирил европските сојузници и внел несигурност во светската трговија со нафта.

Претседателот на иранскиот парламент, Али Лариџани, изјавил дека одлуката на Доналд Трамп да се повлече од меѓународниот нуклеарен договор е кршење на договорот кој ќе ги изолира САД, објавила државната телевизија во Иран.

„Напуштањето на нуклеарниот договор од страна на Трамп е дипломатска претстава. Како што стојат во моментов работите, Иран не е должен да ги почитува своите обврски. Тоа е закана за мирот и безбедноста. Не сум сигурен дали европските потписници на договорот ќе ги исполнат своите ветувања“, изјавил Лариџани.

„Очигледно Трамп го разбира само јазикот на силата“, нагласил тој додавајќи дека американскиот претседател не е способен за оваа должност.

„Трамп нема ментални способност да се соочи со овој проблем“, истакнал Лариџани.

На почетокот на седницата на парламентот застапниците го запалиле американското знаме и копијата на договорот, и извикувале „Смрт за Америка“.

Трамп обајвил дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор за да го спречат Иран да развие нуклеарна бомба и повторно да воведе економски санкции на Техеран.

По петнаесет месеци откако стапил на власт 45. американски претседател одлучил, како што е и ветено во текот на кампањата, да излезе од тој договор, кој во 2015 година го заклучил неговиот демократски претходник Барак Обама по 21 месец напорни преговори.

„Објавувам денеска дека САД ќе се повлечат од иранскиот нуклеарен договор“, изјавил Трамп во телевизискиот пренос од Белата куќа во вторникот.

„Тоа беше ужасен едностран договор кој не требало никогаш да биде потпишан“, изјавил Трамп во говорот од Белата куќа и нагласил дека договорот не донел никаков мир. Никогаш и немало да донесе.

„Ќе воспоставиме економски санкции на највисоко ниво“, најавил Трамп во обраќњето.

Обединетите нации, Европската Унија и потписничките на нуклеарниот договор со Иран и регионалните пратеници изразиле во вторникот вечерта жалење и загриженост поради американската одлука за повлекување. Истовремено на истата се израдувале Израел и Саудиска Арабија.

Ќе ви се допадне