Во телото на Алексеј Навални е пронајдена супстанца што е опасна за околината

Во телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е пронајдена супстанца што е опасна за околината, тврди негов близок соработник. Состојбата на блогерот и опозиционер Навални се подобрува, но и понатаму е нестабилна и не е дозволено тој да се преместува.

Ова го изјавил Александар Мураховски, главниот лекар од болницата во Омск, каде што е хоспитализиран Навални.

„Ноќта мина добро. Неговата состојба се подобрува“, изјавил Мураховски.

Тој додаде дека во петокот лекарите одржале голем конзилиум, на кој учествувале експерти од центарот „Бурденко“ и центарот „Пирогов“.

„Во секој селучај, неговата состојба и понатаму е нестабилна. Кога станува збор за транспорт на пациенти, мислам дека за тоа е рано да се зборува. Поточно не мислам јас, туку за тоа одлучува конзилиумот. Неопходно е здравствената состојба на пациентот целосно да се стабилизира. Само во тој случај, можеме да говориме за тоа дали може да се префрли таму каде што сака неговото семејство“, изјавил Мураховски.

Тој додал дека лекарите разгледуваат пет различни дијагнози, но дека тој не може засега да открие за што се работи.

„Сите се бориме за животот на нашиот пациент“, истакнал лекарот.

Директорот на Фондот за борба против корупција, каде Навални е основач, Иван Жданов, изјавил дека според зборовите на претставникот на сообраќајната полиција, во организмот на Навални била откриена опасна супстанца, која не претставува опасност само за него, туку и за неговата околина.

Според неговите зборови, на прашањето да објасни за каков вид супстанца станува збор, претставникот на полицијата изјавил дека тоа е тајна истрага и дека не може да открие, но сигурни се дека станува збор за смртоносно опасна супстанца, поради која сите околу пациентот мораат да носат заштитни одела.

Жданов прецизираше дека не знае за која тип супстанца се работи. Сообраќајната полиција и лекарите засега не ги коментирале ваквите наводи.

Германски „Билд“ пишува дека од Германија полетал специјален медицински авион, кој ќе го транспортира Навални од Омск во Берлин.

Како што е наведено, авионот ноќеста полетал од аеродромот во Нинберг и веќе слетал во Омск. За потсетување, на Навални на 20 август му се слошило на летот од Томск во Москва. Авионот веднаш слетал во Омск. Опизициниот лидер е префрлен во болница, каде што паднал во кома.

Кој е Алексеј Навални

 

За потсетување, Алексеј Навални е основач на Фондот за борба против корупција. Mинистерството за правда на Русија на 9 октомври го внесе овој фонд на списокот на невладини организации, странски агенти.

Според податоците на Министерството, фондот се занимава со политички активности, а се финансира од странство. Според истрагата, од јануари 2016 година до декември 2018 година лицата кои се вработени во фондот добиваат големи суми  пари во рубљи и странски валути, а средствата се стекнати на незаконски начин.

Против Алексеј и неговиот брат Олег во 2012 година била покрената кривична постапка поради злоупотреба на голем износ на пари од компанијата „Ив Роше“. Две години подоцна, судот ги прогласи за виновни. Алексеј Навални добил условна казна, а неговиот брат издржува казна затвор во траење од 3,5 години. Тие не ја признале вината.

Во декември 2016 година Навални објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година, но руската централна изборна комисија му забрани да учествува поради претходните осудувања за кривични дела.

 

Scroll to Top