Сослушувањето за испорачувањето на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, на Американците, почна во Главниот кривичен суд во Лондон. Сослушувањето би требало да трае три или четири недели.
Американското министерство за правда издаде обвинение против Асанж, обвинувајќи го дека сторил 18 кривични дела, вклучувајќи и заговор за хакирање на сајтовите на државните институции и шпионажа.
Минатата година во САД беше отпочнат процес за испорачување на основачот на „Викиликс“, кој по речиси седум години помина во Амбасадата на Еквадор во Лондон, од каде беше префрлен во затворот „Белмарш“ во истиот град.
Сослушувањето почнало во февруари, но беше прекинато поради пандемијата со коронавирусот. Пред зградата беа собрани голем број граѓани, со намера да го изразат својот протест против испорачувањето.