Војници на Ким застрелале и запалиле со бензин висок претставник од Јужна Кореја

Севернокорејската војска убила и запалила високо официјално лице од Јужна Кореја, кој бил прогласен за исчезнат во победелникот во пограничните води.

Ова го соопштија од Министерството за одбрана на Јужна Кореја, осудувајќи го ваквиот брутален чин. Од Министерството тврдат дека севернокорејските војници го убиле со огнено оружје, а потоа го полиле со бензин и го запалиле.

Тој бил пронајден со патролен брод, во севернокорејските води, недалеку од границата. Тие велат дека до информациите за убиеното лице дошле од различни известувачки служби.

Пјонгјанг засега не ги коментирал ваквите наводи. Од Сеул велат дека официјалното лице работело во одделот за риболов и дека бил на патролен брод на 10 километри од границата со Северот, пред да исчезне во понеделникот.

Во соопштението од Министерството се наведува дека 47-годишниот маж во чамецот ги оставил чевлите и дека изгледа како да го облекол појасот за спасување. Во извештајот се тврди дека севернокорејските војници подоцна го пронашле и го испитувале.

Неговата екзекуција ја наредило високо официјално лице од Северот. Од Министерството за одбрана во Јужна Кореја велат дека војниците од северот ставиле гас-маски, а потоа го запалиле телото, објаснувајќи дека најверојатно на тој начин сакале да се спасат од коронавирусот.

Од Министерството велат дека остро го осудуваат овој брутален чин и го повикаа Пјонгјанг да изнесе објаснување и да ги казни одговорните. Северна Кореја ја заостри контролата на границите, за да спречи коронавирусот да влезе во земјата.

Се верува дека во ваквите мерки се подразбира и дозволата за убиство, наведуваат светските медиуми.

Scroll to Top