Вонземјани не шпионираат преку астероиди, тврди познат научник

Вонземјани ги шпионираат луѓето на планетата, тврди американскиот научник Џејмс Бенфорд. Во својот научен труд тој објаснува дека вонземјаните ја набљудуваат планетата преку сонди кои ги поставиле на астероиди.

Додека тие ја одминуваат планетата Земја, се снима сè што се случува на планетата. За ова прв проговорил радиофизичарот Станфорд Роналд Брејсел уште во далечната 1960 година. Бенфорд во својот научен труд објаснува дека за овие сонди запознаени се и луѓето во НАСА.

„НАСА знае дека оваа сонда ја следи планетата повеќе од еден век и дека истата ја има заведено во својата документација како постојан набљудувач на Земјата. Таа се наоѓа на астероидот 2016 XO3“, објаснува Бенфорд.

Тој вели дека сите астрофизичари во светот треба да ги здружат своите сили и да го испитаат овој астероид и да утврдат што се крие на него.

Со ваквата теорија не се согласува физичарот и астробиолог Пол Дејвис, кој за порталот Live Science објаснува дека не верува во приказната дека вонземјаните не набљудуваат од вселената.

„ Мала е веројатноста да не набљудуваат. Но, ако истражувањето не чини премногу, не е лошо да се посети астероидот 2016 HO3. Тоа ќе биде одлична можност за извидување и може да собереме неколку примероци и да видиме што ќе правиме понатаму“, изјавил Дејвис.

Дејвис објаснува дека Кина во иднина планира ваква мисија и има желба да испрати вселенско летало на астероидот 2016 HO3 во 2022 година, со цел да собере примероци.

Scroll to Top