Врската меѓу тајните служби и коронавирусот

На прв поглед, шпионажата и пандемијата со коронавирусот немаат никаква врска едно со друго, но според голем број теоретичари на заговор, главните светски известувачки агенции, сепак ги имаат на радар и глобалните болести. Зошто е тоа така и што прават тие?

Примерот со германската служба BND и САРС

На крајот на 2002 година, изби САРС првата пандемија на самиот почеток на 21. век. Тежок акутен респираторен синдром, близок роднина на коронавирус. Од Јужна Кина, вирусот брзо се прошири на глобализираниот свет, усмртувајќи 800 луѓе. Но, владата и Комунистичката партија на Кина во почетокот целата работа ја држеа во тајност.

Сега како што пренесува германскиот дневник „Велт“, неколку недели пред да бидат објавени официјалните извештаи, германската известувачка служба за странство BND, доставила информации за САРС и за неговото ширење до сојузната влада во Берлин и здравствените власти во Германија.

Според информациите од безбедносни кругови, BND ги прислушувала телефонските разговори и радио комуникации на кинеската влада. Германските агенти така дошле, не само до информации за самата болест, туку и за почетната стратегија на кинеската влада за затскривање на целата состојба со епидемијата.

Американсктие известувачки агенции и коронавирусот

Слично се однесуваат и американските агеции сега, кога се работи за коронавирусот. Новинската агенција „Ројтерс“ и „Јаху њуз“, објавиле дека националниот директор на известувачките агенции на САД, кој е одговорен за сите 17 американски известувачки агенции кои ја известуваат Белата куќа, ги собираат и ги анализираат актуелните податоци за потеклото, развојот, ширењето и контролата на коронавирусот.

Со тоа не се занимава само ЦИА. САД се една од ретките земји која има агенција за шпионирање во областа на медицината и здравството – National Center for Medical Intelligence (NCMI), која е под надлежност на воената тајна служба DIA Defense Intelligence Agency.

За да собере информации за коронавирусот, како што наведуваат изворите, американските служби користат широк спектар на средства. Просто кажано, тоа значи дека релативните информации, не ги бараат само во официјалните извештаи, медиумите, наинтернет или социјалните мрежи, туку користат и свои известувачки инструменти.

Таков е примерот со воздушните и сателитските снимки, па се до информатори, агенти и прислушкување на телефонски разговори.

 

Се разбира, останува тајна тоа што шпиуните посебно ги интересира. Со оглед на коронавирусот, би требало да се почне од тоа дека САД сè повеќе ги користат своите тајни служби, особено во Кина или Иран.

САД преку агентите во кинеското раководство или шпиуните во иранскиото Министерство за здравство, би можеле да дојдат до информации за реалниот број на заразени или починати, како и тоа да дознаат за непознатите канали на ширење на вирусот или стратегијата и борбата против опасната зараза.

Каква е користа од тоа?

Шпионажата и тајните служби не можат да ја излечат короната, ниту да ја спречат, но на оние кои ги носат одлуките, можат да им обезбедат подобри информации и во најидеален случај, да им овозможат да донесат подобра одлука. Така може да се намали неизвесноста, ширењето на болеста може подобро да се разбере, а плановите и капацитетот за спроведување на мерките во странство, можат исто така подобро да се проценат.

И се разбира, се работи и за проценка и признавање на политичка и економска штета. Тоа се однесува на распростанетите кампањи за дезинформирање и сè поострото обвинување за избивањето на пандемијата.

Во оваа криза, тајните служби го прават тоа што отсекогаш го правеле. Собираат информации за кои никој друг нема пристап до нив. Тоа особено се однесува на земјите како што се Кина или Иран, места каде на официјалните информации воглавно не им се верува.

Затворањето на границите, полициските часови и карантините кои во моментов се воведуваат ширум светот, ги затвораат официјалните или отворените канали на информации и комуникации. Тајните известувачки служби кои добро функционираат и тука можат да помогнат со својата работа.

 

 

Scroll to Top