Втор бран корона се шири низ Кина, од Пекинг се плашат дека вирусот мутирал

Нов бран на инфекција се шири низ Кина, очигледно предизвикан од мутираниот коронавирус, пренесува Курир.рс. повикувајќи се на „Дојче Веле“. Сепак тоа не е причина за нова паника, пишуваат медиумите. Токму поради мутацијата научниците имаат потешкотии околу вакцината.

Развојот на ефикасна вакцина или лек против новиот вид на коронавирус, е компликуван, затоа што вирусот постојано се менува. За околу половина година од избивањето на пандемијата, научниците ширум светот, регистрирале 100 различни мутации на SARS CoV-2.

Ваквите варијанти или промени се нормални, затоа што генетската структура на вирусот се менува и е појавуваат нови подвидови, а се менуваат и својствата на вирусот. Последиците би можеле да бидат слабеење на изворниот вирус, но и истиот може да стане и поагресивен.

Различните варијанти потврдуваат зошто еден причинител на болеста, во одреден регион во светот, може да предизвика бранови на инфекции со различна тежина и зошто луѓето различно реагираат на инфекцијата.

Страв од втор бран во Кина

По најновото откритие на избивање на епидемијата на пазарот во Пекинг, властите известија за нови 137 случаи на зараза, вклучувајќи нови 31 заболени. Властите во Пекинг ја опишале оваа состојба во градот како крајно сериозна.

Поставени се безбедносни и контролни точки во стамбени населби. Високоризичните луѓе, меѓу кои и блиските контакти со лица кај кој е дијагностициран вирусот, им е забрането да го напуштат градот. Првите тестови покажале дека новиот вирус малку се разликува од претходниот.

Новата варијанта на патоген, вирусот SARS-CoV-2 кој е најден во Пекинг, малку се разликува од оној кој претходно ја погоди Кина, изјавил епидемиологот на кинеската здравствена служба, Зенг Гуанг. Резултатите сега би требало да се споредат со анализите на други земји.

На тој начин би можела да се следи линијата на потеклото на патогенот, пренесуваат медиумите.

Мерките на заштита 

Актуелната трага на вирусот ги однесе здравствените служби до даска на која е филетиран увозниот лосос, на пазарот во Пекинг. Но, нешто порано тој период, кинеските и норвешките власти заклучиле дека лососот од Норвешка не е извор на коронавирусот во Пекинг.
Ова го изјавил министерот за рибарство Од Емил Ингебригтсен.Сепак, за вирусот да премине од лосос на човек е многу зачудувачко. Досега е потврдено дека опасноста да се пренесе на човек е најголема кога станува збор за цицачи, како што е коњ, овца, зајак или мачка.
Кога станува збор за рептили, риби или птици, ризикот да се пренесе, според досегашните студии е многу мал. Сепак и покрај ова, пазарот е затворен од превентивни причини. Околу 10.000 трговци и вработени би требало да се тестираат на SARS-CoV-2 вирусот.
Затворени се школи и градинки. Планираното отворање на школа во Пекинг е прологнирано, спортските натпреварувања и групните патувања и другите провинции се откажани.
Како настанува мутацијата?
За да се умножат, вирусите ги користат клетките на домаќините. Кога вирусите ќе ги нападнат домаќините, од јадрата испуштаат генетски информации за инфицираната клетка. Така репродуцираат милиони копии на вируси. Но, кај ваквите репродукции доаѓа и до грешки во копирањето, а секоја грешка го променува и генетскиот код на вирусот, тој мутира.
Каде и како новиот коронавирус SARS-CoV-2 првпат е пренесен на човекот, досега не е разјаснето. Научниците засега почнуваат од тоа дека вирусот се раширил во кинескиот град Вухан.
Се претпоставува дека протеинот на кој вирусот се врзува за клетките, веќе мутирал во животното домаќин, можеби кај лилјакот или некој вид на оклопник. Во секој случај, оваа мутација е овозможена со пренос на вирусот на човечки клетки.
Човечкото тело во принцип, е само во ситуација да се одбрани од вакви вируси. Тоа произведува антитела кои го штитат од вирусот и го правам поимун од патогени кои ја предизвикуваат болеста.
Но, ако патогенот мутира, а антителата се програмирани на старата верзија на предизвикувачи на болеста, тогаш антителата се помалку делотворни.
Дали мутациите се опасни? 
Многу од работите упатуваат дека новиот бран на инфекција во Кина е поврзан со мутираниот вирус, но овој пат симптомите се развиваат побавно. Прична за паника нема, затоа што мутацијата не го прави вирусот нужно опасен. Некои мутации и го ослабуваат вирусот, пренесува „Дојче веле“.
Од друга страна, не се сите убедени во тоа. Јанж Жанки, заменик директорот од Одделението за биологија на патогени, на Универзитетот во Вухан, изјавил за државните медиуми дека верува дека новото избивање вклучува сој на вирус поопасен од оној кој го погоди Вухан во 2019 година.
Ву Зуњоу, главниот кинески епидемиолог, верува дека следните три дена ќе бидат критични и пресудни за главниот град во напорите да се сузбие епидемијата. Сепак, тој уверува дека ситуацијата се разликуваа од таа на почетокот во Вухан.
Во овој случај, Пекинг ги прегледал голем број на потенцијални пациенти и веднаш превземал итни мерки.
„Во споредба со почетната фаза на избивање на пандемијата во Вухан, сега многу јасно го разбираме вирусот. Луѓето се многу посвесни за важноста на превенцијата и контролата. Искуството стекнато во раните денови на превенција и контрола се користат во оваа фаза“, изјавил Ву.

 

 

Извор/Курир.рс/Дојче Веле

 

Scroll to Top