(Втор дел) Папата кој сакаше да го промени Ватикан умрел по само 33 дена на тронот

МИСТЕРИОЗНА СМРТ

Папата имал слаб крвоток и нозете му биле постојано отечени. Докторот му препорачал повеќе да се движи. Дневните обврски го оптоварувале до граница на издржливост. На последната вечера пред смртта папата се пожалил на болки, но не сакал да повика лекар.

Тој во 21 часот на своите секретари им посакал, како и секоја вечер, добра ноќ. Наредниот ден, на 28 септември 1978 година, бил пронајден мртов. Веста за смртта на папата само 33 дена по изборите ги шокираше католиците во светот.

Многумина го оплакувале, чувствувале дека тој имал потенцијал да ја поведе римокатоличката црква во позитивна насокаи. За жал, останал само фуснота во историјата на католичката црква.

Настаните што потоа следеле внеле сомнежи кај многу луѓе дека тоа можеби и не била природна смрт. Многу луѓе се интересирале за деталите за смртта на папата. Некои работи ги навеле да помислат дека Јован Павле Први не починал од срцев удар, како што Ватикан официјално изјавил.

Сестрата Винченца Тафарел, чистачка во Ватикан, го пронашла безживотното тело на папата на 28 септември утрото. Таа забележала дека не го испил утринското кафе што му го оставила, па влегла во собата и го пронашла мртов.

Таа наводно го нашла како грчевито ги држи документите на кои биле испишани напомени за мисата што требало да ја одржи, но на лицето имал блага насмевка.

Трите документи не се објавени во јавноста, а некои теоретичари на заговор сметаат дека документите содржат контроверзни изјави во врска со полот и природата на Господ. Таквите изјави се во спротивност со долгогодишните црковни учења и не смеат да се испитуваат во јавност.

Светиот Престол и официјално објавил дека папата починал од срцев удар, иако обдукцијата не била направена.

Продолжува

Линк од првиот дел:

Scroll to Top