Научниците веруваат дека постои шанса во овој век да се случи голема вулканска ерупција која би можела да ја промени климата и милиони луѓе да бидат во опасност.
Тие потсетија на вулканот Хунга Тонга, кој се случи во јануари покрај брегот на Тонга во јужниот Тихи Океан. Експлозијата била толку голема што цунами ги погоди бреговите на Јапонија, Северна и Јужна Америка, а Тонга претрпе штета која е еднаква на речиси петина од вкупниот БДП.
Анализата на ледените езера на Гренланд и Антарктикот која ја направил тим од Институтот Нилс Бор во Копенхаген, откри дека вулканската ерупција со јачина од 7 – би можела да биде 10 до 100 пати поголема од онаа забележана во јануари и е реално да се случи овој век.
Ерупции со толкава јачина во минатото предизвикале моментални климатски промени и колапс на цивилизациите. Сепак, еден од водечките британски вулканолози, денес предупреди дека светот не е неподготвен за ваков настан.
„Не постои координирана акција, ниту големо вложување за да се ублажи глобалниот ефект на ерупцијата од вакви големи размери. Ова треба да се промени“, рече вонредниот професор по вулканологија на Универзитетот во Бирмингем Мајкл Кесиди.
Тој заклучи дека НАСА и другите агенции добиваат стотина милијарди долари за финансирање и планирање на планетарна одбрана, односно да спречат астероиди или други космички проекти да удрат во Земјата.
Но, не постои глобална програма посветена за заштита од девастација која би можела да се случи по вулканска ерупција од големи размери, нешто за што стотина пати е поголема веројатноста дека ќе се случи, отколку ако удрат астероид и комета заедно.
Последната ерупција на магнитуда 7 се случила во 1815 година во Томбори во Индонезија, а во тие моменти настрадаа повеќе од 100.000 луѓе за неколку дена, а последиците ги почувствуваа милиони ширум светот.
Вулканот исфрлил толку огромни количини пепел во воздухот, што 1815 година стана позната како година без лет, затоа што просечната температура на Земјата паднала за еден степен.
Ова негативно влијание врз глобалната клима предизвика широко распространето откажување на културите во Кина, Европа и Северна Америка, додека поројните дождови и поплавите предизвикаа ширење на колерата низ Индија, Русија и многу други азиски земји.
Кесиди исто така рече дека можеби постојат стотина или илјади неактивни вулкани чии локации не им се познати.
„Според нашето мислење, недостигот на инвестиции, планирања и ресурси за одговор на големи ерупции е непромислен“, рече Кесиди.