За две години не чека уште поголема пандемија, вели руска научничка

За две години не чека уште поголема пандемија, вели руската научничка Марија Воронкова, пишува „Риа.ру“, а пренесува српски „Курир“. Воронкова е учесничка на конференцијата на Обединетите Нации за добробит на животните и биодиверзитетите.

Таа вели дека стратегијата за опстанок на луѓето води кон уништување на природните живеалишта и потребна промена на истата ако сакаме да се спасиме себе си и планетата за да ги избегнеме во иднина пандемиите.

„Според виролозите, ако човештвото во своето соочување со „Ковид-19“ како вид не ја промени стратегијата на живеење и преживување, за две години ќе се соочи со друга пандемија. Постојат многу вируси и тие се нови за луѓето, а кога вирусот или паразитот е нов, обично е опасен и смртоносен за човекот. Ако не ја редефинираме нашата стратегија како вид, пандемијата ќе продолжи. По оваа пандемија, мораме да сватиме како ќе го одржување и како ќе влијаеме на своето опкружување“, вели Воронкова, пишува „Риа Новости“.

Воронкова вели дека човекот има огромно влијание на сите екосистеми.

„Шумските алги кои се место за живеење за голем број на морски видови и риби, почнуваат да исчезнуваат. Најверојатно причината за тоа е водата, која како одминува времето станува сè потопла и тоа ќе продолжи во иднина. Риболовот во длабоките мориња активно се развива, рибите постојано се ловат, а суштествата кои живеат во длабочините на океаните се пред уништување“, објаснува таа.

Воронкова приметила дека голем број лежишта од ретки метали одамна се откриени на океанското дно.

„Постојат лежишта на кобалт, манган и други метали, кои се користат за производство на мобилни телефони и електронски уреди и оваа година би требало да се издаваат дозволи за експлоатација на поедини локации“, вели Воронкова.

Таа објаснила дека веќе постојат машини кои го бушат морското и океанско дно во длабочина од четири до пет километри, а потоа ископаната содржина се пренесува на бродовите.

„Но, дното на таква длабочина е многу меко, што значи дека дното во океаните почнува да се заматува, нешто што влијае на живите организми и температурата на океаните“, изјавила Воронкова.

Таа потсетила дека поради интезивното одгледување и употреба на земјиштето, доѓа до нејзино исцрпување. Земјоделската технологија е фокусирана на монокултурите, користејќи голем број на минерални ѓубрива и пестициди.

„Да ги земеме на пример плантажите на палми. Поради нив се сечат тропските шуми, а како резултат на тоа, на овие територии се појавуваат глодари кои се хранат со ореви. Поради тоа почнаа да се множат и змии отровници кои се хранат со глодарите, па работниците не смеат да се доближуваат на плантажите. Сето тоа се случува, наместо да останат прашумите. Монокултурата е еден нестабилен систем“, предупредила Воронкова.

Според нејзино мислење, човештвото мора да ја промени својата паразитска стратегија во односот на природата, за да се случи нормална симбиоза, но за тоа мораме да се одработи поинаква стратегија за луѓето како вид, вели Воронкова.

 

 

Извор/Курир.рс

Scroll to Top