„Заборавете на вториот и подгответе се за трет и четврти бран на коронавирусот“, британски лекар откри кои се први на удар

By

Водечкиот лекар од Бирмингем, Шаби Ахмад, предупреди дека земјата може да се соочи со четири брана на коронавирус и нагласи страшна штета за медицинската професија.

Ахмад, кој е консултант од областа урологија, изјавил дека стравува оти населението во Велика Британија ќе мора да научи да живее со вирусот, а дека вакцината сè уште не е достапна.

Владата соопшти дека на првиот бран на Ковид-19 во Велика Бритнија му се ближи крајот, а дека епидемијата ги чинела речиси 50.000 животи.

Ахмад, кој работи во болницата „Сендвел“, изјавил дека верува оти новите бранови би можеле да се одвиваат во период од неколку месеци, а можеби и во годината што е пред нас.

„Ќе има и втор, и трет и четврти бран. Ова нема да престане“, изјавил тој.

„Се надеваме дека ова нема да се претвори во сериозна состојба и да имаме прием во болница, прием во интезивна нега, како што имавме во март. Вирусот ќе продолжи да се шири на разни начини и со разни средства. Треба да научиме да се заштитиме“, изјавил Ахмад.

Ахмад, кој ги лекува пациентите заболени од рак, изјавил дека сфатил оти повеќето се од заедницата БАМЕ (Црнци, Азијци и малцинствата), кои вирусот несразмерно ги има погодено.

„Она што знаеме е дека од 40 лекари што починале, 38 биле од заедницата БАМЕ“, изјавил тој.

„Од починатите работници, мислам дека 80 отсто се од заедницата БАМЕ. Тоа ми кажува дека постои проблем“, вели Ахмад.

„Повеќето од починатите луѓе, било да се тоа лекари, медицински сестри или други здравствени работници, биле во примарна нега, а не во болнички услови“, вели тој.

„Сите знаеме дека примарната нега била најмалку заштитена група, без заштитна опрема, без многу упатства за личната заштитна опрема“, смета Ахмад.

На прашањето зошто верува дека вирусот е опасен за заедницата БАМЕ, Ахмад изјавил дека го нема одговорот.

„Една работа што можам да ви ја кажам е дека повеќето од овие БАМЕ-луѓе работат во областите и на место каде што заразата е полесно да се добие. Било да е тоа акутна медицинска служба, примарна нега, домовите за нега, старските домови“, смета Ахмад.

„Се разбира дека не биле прописно заштитени, ги немале вистинските алатки да се заштитат. А тогаш биле само патки на отворено за смртоносниот вирус“, вели тој.

Ахмад ги навел бројките кои покажуваат драматично помал број смртни случаи меѓу медицинарите во САД.

„Единствена разлика меѓу овие две места е во тоа што тие таму имале подобра заштита“, смета Ахмад.

Ублажувањето на карантинот доведе до големи метежи на плажите, парковите, па дури и во центарот на градот на Бирмингем минатиот викенд.

Ахмад, кој е претседател на Здружението „Алумнија Дов“ и постар извршен член на Здружението на пакистанскитр лекари во Европа, вели дека е загрижен поради топлото време, кое сигурно ќе натера илјадници луѓе да заминат на плажите.

Докторот од прва рака ги видел разорните ефекти на Ковид-19. Тој вели дека го изгубил својот чичко од опасниот вирус.

„Имав многу блиски колеги во струката кои беа ставени на респиратори и лично познавам многу луѓе што починаа“, изјавил Ахмад.

Ќе ви се допадне