Загадувањето може да влијае на појавата на вториот бран на коронавирусот

Постојат убедливи докази дека загадувањето на воздухот ја влошува инфекцијата со коронавирусот и дека влијае на зголемување на бројот на заразени и стапката на смртност,  наведено е во досега најопфатната анализа, спроведена во Холандија.

Истражувањето што го пренесува „Гардијан“ покажува дека долготрајната изложеност на луѓето на честичките на загаденост ја зголемува можноста да заболите од Ковид-19 за 10%. Исто така, ја зголемува смртноста од оваа болест за 15%.

Холандските истражувачи  зеле предвид повеќе од 20 фактори, вклучувајќи ја и просечната густина на населеност на некои места, староста на населението, големината на домаќинства, занаетите на луѓето и дебелината.

Постојат голем број докази дека во големите европски градови, градовите во САД, но и во Кина загадувањето на воздухот ја зголемува опасноста од коронавирусот за луѓето.
Но, ова истражување покажува дека најзагадени се руралните места, каде што мештаните интензивно се занимаваат со сточарство.
Ова истражување ја исклучува идејата дека вирусот  го погодува само градското население, кое е подложно на вируси поради влијанието на штетните честички.
Научниците предупредуваат дека е важно да се сфати врската меѓу загадувањето и коронавирусот, за да можат луѓето да се соочат со повторно избивање на вирусот во иднина. Оваа врска може да сигнализира каде новиот бран на коронавирус би можел најсилно да удри.
Научниците сметаат дека загадувањето на воздухот би можело најмногу да влијае на новиот бран на пандемијата со коронавирусот. Веќе е познато дека загадениот воздух предизвикува респираторни и срцеви заболувања, кои луѓето ги прават уште поранливи.
На овој начин луѓето се подложни на инфекции на Ковид-19, велат научниците.
„Со користење на деталните податоци дојдовме до убедливи докази за позитивната врска меѓу загадувањето на воздухот, особено на концентрацијата на ситните честички, и влошувањето на пандемијата со коронавирусот“, велат истражувачите.
Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top