(Заговор) Обединетите Нации со агенда да ја покорат целата планета

By

Обединетите Нации имаат агенда да го покорат целото човештво, сметаат теоретичарите на заговор. Нивниот план наречен Агенда 21 има за цел наметнување на светска влада и превземање на сите природни ресурси. Станува збор за шематски, акциски план за воспоставување на апсолутна контрола на целата вода, земја, сите билки, минерали, инфраструктура, средства за производство, едукација, енергија и информации.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за најголемата пијар стратегија и план за целосно преформулирање на сè што постои на планетата и е произведено од страна на глобалниот корпоративен систем, предводен од светската влада.

Теоретичарите велат дека многу од работите кои се наведени во агендата нема да се одразат на животот на човекот во физичка и економска смисла, но се работи за тотално превземање на општеството, државите, луѓето и животната средина, акција која ќе има за цел воспоставување на тотална и тоталитарна контрола.

Тие предупредуваат на целосна приватизација на природните ресурси и депопулација на планетата.

За геополитиката за Агендата 21 говори и авторот и врвен истражувач, Роза Коира, познат експерт во областа на физички проценител на комерцијалните недвижности. Во својата книга „Под зелената маска“ Роза ја објаснува Агендата 21. Таа вели дека работи на стратегија за делување на активистите ширум светот со цел разобличување и спречување на оваа реализацијата на ОН.

Коира е извршен директор на Post Sustainability институтот и покренувач на страницата Демократите против Агендата 21.

Таа објаснува дека со проучувањето на Агендата 21 почнала уште во времето кога била професионално ангажирана како форензички проценител на комерцијалните недвижности.
„Бев специјализирана за проценка на имоти кои владата или општината ги откупуваат за надокнада од приватни сопственици. Бев началник на Окружната филијала на калифорниското одделение за промет. На 30 години како експерт давав поддршка во парничните постапки кои граѓаните ги водеа против државата, во случаи кога сметале дека се оштетени и во постапка на експропропријација. За време на овие судски постапки ја разоткрив стратегијата, на ОН таканаречената „Одржлив развој“. Забележав дека во 2002 година, почнаа да се спроведуваат револуционерни промени во употребата на земјата. Стана многу тешко да се утврди што луѓето можат легално да направат со и на својата земја и колку истата може да вреди. По 2000 година, тоа стана голем проблем. Беа донесени многу промени и нови правила кои одредуваа што приватните сопственици можат да прават со својот имот“, вели Коира.

Коира објаснува дека се работи за воведување на поголем број на ограничувања, регулативи, рестрикции и забрани кои ги пропишувала владата на САД. Овие забрани оделе до таму, што на луѓето им било забрането да градат на својата земја, особено ако станувало збор за земјоделска, рурална или приградска област.
„Тие луѓе повеќе не можеа да добијат никакви дозволи, како би го развивале својот имот“, вели Коира.

„Тогаш почнав да истражувам и открив дека тоа не се случува само на подрачјето на Сан Франциско, каде работев, туку се работеше за промени низ целата држава во САД. Буквално во секој округ, град и држава во Америка. Кога истражував, пронајдов извор од Агендата 21 на Обединетите нации за одржлив развој“, вели Коира.
Таа објаснува дека кога станува збор за Агендата 21, дискусиите кои се водат за неа во Обединетите нации или мејнстрим медиумите, обично се говори за необврзувачки документ, кој нема никакво влијание на владите на државите.

„Тоа е лага“, вели Лаура и го објаснува начинот на кој истата се спроведува.
„Во 1992 година Планот 21 или Агендата 21, е прифатена од 179 земји. САД и останатите земји ширум светот се договорија да почнат да работат на создавање на свои сопствени локални планови, сопствени агенди 21. Тогаш Агендата 21 не претставуваше обврзувачки договор“, вели Коира.
Во тој период сите земји имале направено своја локална Агенда 21. Шест месеци откако стана претседател на САД, за време на годишното усвојување на Агендата 21, Бил Клинтон формираше Претседателски совет за одржлив развој. На тој начин овој необврзувачки договорен план во Обединетите нации, станал обврзувачка политика и морале да се почитуваат новите правила и регулативи во САД, вели Коира.
Претседателскот совет за одржлив развој во време додека постоел од 1993 до 1999 година, работел на задача на спроведување на Агендата 21 во САД. Луѓето кои работеле во овој Совет биле секретари на Кабинетот на главните владини агенции вклучувајќи ги и Министерствата за одбрана, образование, земјоделство и агенцијата за заштита на околината. Вкупно биле десет члена. Освен нив, во составот на Претседателскиот совет за одржлив развој имало и од невладините организации (НВО).

Владините и невладините организации биле здружени со приватни фондации и корпорации вклучувајќи ги и „Енрон“, „Дау Хемикал“ и „Сибу Гајги“, сега „Новартис“, која претставува фармацевска компанија, вели Коира. Оваа групација почнала да трага за начините, како глобалниот план на ОН, да се реализира локално на просторот на САД.

Тие им дале повеќемилионски грант на Американската асоцијација за планирање, која се занимава со планирање на земјиштето. Ги обучиле сите планери во САД и им дале средства во висина од неколку милиони долари за да ги променат регулативите за користење на земјиштето во САД. Направиле план под името „Паметен раст“.
„На мојата страница можете да најдете бројни податоци за тоа. Освен тоа, Претседателскиот совет за одржлив развој препознал дека на народот во САД, тоа нема да му се допадне. На луѓето нема да им се допадне сознанието дека нивната држава ќе се претвори во диктатура и дека ќе живеат под тоталитарна власт. Следната работа која Советот ја објавил, била книгата под името „Одржлива Америка – нов консензус“. Во неа се говори за Американците и за тоа дека им е неопходен нов консензус според кој ќе мораат колективно да работат и мислат. Во план било да се убедат дека целиот овој план се прави за нвно добро, а за да се постигне тоа се користат методи на контрола на умот развиен од страна на REND корпорацијата, уште по Втората светска војна“, објаснува Коира.
Таа вели дека се работи за брилијатна методологија која е дизајнирана така што ќе се неутрализира опозицијата. Тоа е методологија која не се темели на претходна согласност на луѓето, туку на илузија која треба да се прифати. Дури и самите тие создаваат организации кои вклучуваат луѓе, кои имаат волја да учествуваат и кои мислат дека на тој начин креираат нешто добро за заедницата. А всушност само го одработуваат овој ужасен план.

Тоа е она што се случува низ големиот број на мали градови, подрачја и држави во САД, Канада, Австралија, Британија, Нов Зеланд и ширум светот. Идеолошкиот концепт е комунитаризам. Се работи за политичка и социјална филозоија, која вели дека индивидуалните и социјалните права не се константни, туку дека мораат да бидат балансирани со правата на заедницата, а во случајот на Агендата 21 се работи за глобална заедница.

Во услови во кои правата на индивидуите се одредува од страна на Светската влада, поединецот секогаш ќе губи, смета Коира. Ваквиот концепт е во целосна спротивност со уставот на САД. Човекот се раѓа со права и тие права не може никоја влада да му ги одземе. Она што владата мора да работи е да ги поддржува и развива таквите права.

„Сега се бара од поединецот, неговите права да ги предаде на Глобалната заедница. За да го направи тоа, се користи кованицата: „Нова свест“. Агендата 21 од нас бара да го напуштиме стариот начин на размислување за себе си, за нацијата, за државата и светот и да почнеме да мислиме сосема поинаку. Не ли е тоа сон на секој тоталитарен проект?“, вели Коира.

За промена на свеста која е во плановите на Агендата 21, треба да поминат една до две генерации, а образованието е од најголемо значење. Образовниот систем во САД, од крајот на 19 век е осмислен така што ја прави американската популација поглупава и го прави човекот да ги прифати стандардите на Новиот светски поредок.

„Овој процес детално е анализиран во трудовите на Шарлот Изербит и Џон Тејлор Гатоа. Станува збор за двајца исклучителни аналитичари, кои овозможија да разбереме што се случувало во образованието во изминатиот период. Во книгата на Шарлот Изербит: Намерно затупување на Американците“, која претставува енциклопедија за образованието во САД е објаснето како американските едукатори се испратени во Германија, каде се тренираат и каде учат филозофија и психологија. Тие треба подоцна да го убедуваат човекот дека не поседува душа и дека може да биде прогрмаиран, како автомат или робот, како биолошки андроид, социјален инженеринг. Човекот на крајот е изманипулиран низ разни технички контроли, се со цел да биде убеден и свесен за тоа дека тој е еден дел од запчаникот на системот“, вели Коира.

Образованието според Агендата 21 на ОН, ќе се стандандизира на глоблано ниво според истиот принципт на  моделирање на свеста кај луѓето, создавајќи „нова свест“, „нов човек“, апсолутно несвесен за силите кои управуваат со него. Се прави тоталната манипулација со човекот, преку  магазините, филмовите, телевизиите, весниците или учебниците. Се користат планови за управување со вонредни ситуации, планови за спроведување на законите, прописи на храната, ограничување на енергијата, законодавни и правни одлуки. Сето ова не насочува и не присилува да ја прифатиме Агендата 21, како акциски план за идна егзистенција.

Одржливиот развој се однесува на промена на размислувањето и контрола во насока кон која човекот треба да се движи во иднина. Тоа е направена со помош на глобализацијата и која во основа претставува стандардизација на сите системи. Имате регионализација секаде низ светот, наместо национални граници. Регионализацијата претставува темелна конфигурација на светот и претставува идеален метод за конечно уништување на националните држави. Воспоставувањето на контролата и доминација над општеството се реализира преку јазикот, образовниот систем и медиумите, објаснува Коира.

„Клучниот збор за примена на Агендата 21 е одржлив развој. Вториот клучен збор е паметен раст. Пред да биде усвоена Агендата 21 во ОН во 1997 година, „Брундтландската комисија за околината и развој“, го има дефинирано клучниот поим во нејзината книга за светски одржлив развој.

Книгата е насловена „Нашата заедничка иднина“ и во неа се наведени нашите обврски кои треба да ги направиме за да не ги загрозиме идните генерации и да не одиме против нивните потреби.

„Звучи сјајно и примамливо, затоа што никој не сака да ја загрози иднината на нашите потомци. Затоа е изнесена тезата дека ние луѓето, сè што правиме на планетата, претставува опасност за идните генерации. Дека луѓето се обични штетници и дека со своето делување го доведуваат во прашање животот на планетата“, вели Коира.

Ќе ви се допадне