(Заговор) Покрај Освалд, уште едно лице пукало во Кенеди, покажува една од снимките

Покрај Ли Харви Ослвад, постоело уште едно лице кое пукало во поранешниот американски претседател Џон Кенеди. Ова го покажало една од снимките во полициските радија кои биле направени за време на атентатот.

Кројачот Абрахам Запрудер е еден од луѓето кој го снимиле немилиот настан на 22 ноември 1063 година во Далас. Тој снимил видео од 26 секудни со точно 486 фрејмови, но малкумина нзаат дека тој не сакал да биде објавен 313 сликичка од видеото, во кое се гледа како куршумот минува низ главата на Кенеди.

По една деценија од атентатот, Запрудер му ги продал своите снимки на уредниците на магазинот „Лајф“ за цена од 150.000 долари, но јасно им посочил дека не сака да биде објавен делот во кој се гледа куршумот.

Иако уредниците се согласиле на почетокот, подоцна некој од нив го објавил целиот филм, заедно со сликичката 313, која Абрахам не сакал да биде објавена. Снимката ја објавил познатиот водител Херлдо Ривера.

Кога во 1975 година за првпат бил прикажан целиот филм, американската јавност забележала нешто за што луѓето претходно не знаеле. Тоа е период кога почнале да се појавуват првите теории на заговор. Филмот на Абрахам бил клучен за властите во САД да решат да направат посебна комисија која ќе има задача да направи детална истрага.

Три години подоцна, заклучиле дека ЦИА и ФБИ задржале некои од клучните документи и не ги испорачале во претходните истраги. Најконтроверзниот заклучок се појавил за време на снимката од полициското радио на која наводно можела да се слушне и четврто пукање пред поворката ка Кенеди.

Тоа значело дека постоело и втор убиец и дека Ли Харви Освалд бил само дел од големата завера. Сепак американската академија на науки заклучила дека снимката не претставува адекватен доказ. Подоцна се појавиле многу теории на заговор, а повеќето од нив се актуелни и денес.

Некои велат дека еден од телохранителите на Кенеди случајно го застрелал претседателот. Кога Освалд пукал, агентот на тајната служба Џорџ Хикеј ја земал автоматската пушка за да возврати со огнот. Кога автомобилот изненадувачки застанал, тој по гршека го застрелал претседателот.

Scroll to Top