Захарова: Дали Нато сојузот на Столтенберг најавува „Нов светски поредок“

By

Портпаролката на Руското министерство за надворешни работи на Русија Марија Захарова, во редовното неделно обраќање до јавноста, изјави дека се сомнева дека НАТО планира да создаде „Нов светски поредок“.

Захарова се сомнева дека Западот како и во изминатиот период сака да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името.

Ветувањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека оваа организација ќе ја прими Македонија во своите редови на почетокот на 2019 година, е недопустливо, затоа што одлуката прво треба да ја донесат парламентите на Македонија и Грција, смета Захарова.

„Ако говориме за немешање во внатрешните работи, тогаш не смее да се агитира за и протви, ако се зборува за референдумите. Ако говориме за немешање во внатрешните работи и почитување на правото, вклучително и меѓународното, тогаш раководителите на едниот блок на држави, не смеат да говорат за одлуките кои ќе ги донесе парламентот во некоја држава“, нагласува Захарова.

„Или треба еднаш да се признае дека тоа се може и тогаш да настане некој Нов светски поредок. Продолжувањето на грубото мешање во надворешните и внатшрените работи на Македонија има јасна цел. По која било цена да се вовлече Скопје во НАТО“, додава Захарова.

Захарова соопштила дека е изненадена од заклучоците на комисијата на OEBS, која го следела одржувањето на референдумот во Македонија.

„Големата пропагадна кампања на Западот се претставува на позитивен начин. Тоа не е само нормално, туку и плус. Што би било доколку Москва повика Македонците да гласаат за нешто? Тоа веднаш би било сватено како мешање во внатрешните работи. Тоа не се само двојни стандарди, туку и злоупотреба на социјалнтие правила и норми“, додава таа.

Захарова уште еднаш го повтори рускиот став дека долгорочните одлуки можат да се донесат без никакво мешање од надвор.

 

 

 

Ќе ви се допадне