Захарова не му верува на Берлин ни еден збор за тоа што ќе го каже за Навални

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Москва нема основа да му верува на Берлин ни збор за тоа што ќе го каже со случајот со рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Таа порача дека Русија никогаш не направила истражување за развој на супстанцата позната како новичок.

„Очигледно дека Берлин не брза да ги сподели информациите за ситуацијата со Навални и истовремено бара итна акција од Русија. Москва нема основа ни планови да му верува на Берлин ниту еден збор поврзан со овој случај“, изјавила Захарова за време на брифингот со новинарите.

Таа додала дека руското Министерство за внатрешни работи го продолжило рокот за истрагата за случајот со Навални, чекајќи информации од Германија.

„Берлин сè уште не доставил никакви биолошки примероци од резултатите на тестовите за Навални, ниту, пак, обезбеди какви било информации за природата на лечењето кој рускиот државјанин го добива на клиниката во Германија. Тие не обезбедија никаква соработка за организирање разговор меѓу него и руските истражители“, изјавила Захарова.

На прашањето дали мисли дека постои противречност во изјавите кои минатата недела ги даде директорот на Надворешните известувачки служби, Сергеј Наришкина, дека Русија никогаш не поседувала новичок и дека се елиминирани залихите од овој хемиски агенс, Захарова објаснила дека Советскиот Сојуз и Русија никогаш не спровеле истражување за создавање супстанца позната како новичок.

„Во повеќе наврати говоревме дека Советскиот Сојуз и Русија, за разлика од западните земји, никогаш немале истражувачки и развојни работи на проекти со кодно име новичок. Можам да потврдам дека рускиот став по ова прашање не е променет“, изјавила Захарова.

Таа додала дека што се однесува до бројните шпекулации на поединци на оваа тема и неточни интерпретации за изјавите на руските официјални лица во масовните медиуми, нема да коментира.

Претходно, Русија упатила нота за постојаната мисија на Германија при Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCV), барајќи од неа да даде исцрпни информации во врска со рускиот опозиционер Алексеј Навални, во рамки со Конвенцијата за хемиско оружје (CVC). Тоа вчера го изјави постојаниот руски претставник на OPCV, Александар Шулгин.

„Испративме нота на постојаната мисија на Германија при OPCV, барајќи да ни дадат исцрпни информации во рамки со CVC“, изјавил Шулгин, пренесе ТАСС.

На Навални минатиот месец му се слоши во Сибир, по што тој веднаш беше префрлен во болница во Омск, а потоа во состојба на индукативна кома, бил префрлен на лечење во Берлин, од каде од вчера беш пуштен.

Scroll to Top