Западната пропаганда за прикажaните жртви и убиени на Блискиот Исток одамна е позната

Светските медиуми се полни со информации и видеоснимки од жртвите и убиените цивили по бомбардирањата на западните сили во Сирија.

Но, колку од нив се веродостојни и треба да им се верува, останува вечна дилема. Сѐ уште се свежи сеќавањата кога Колин Пауел и Тони Блер лажеа за хемиското оружје во Ирак, потоа лагите и пропагандите што се ширеа за Либија и наводниот диктатор Гадафи.

На човек сè почесто му доаѓа да ѕирне и кај други извори, кои имаат сосема поинаква перспектива на настаните.

Социјалните мрежи се полни со лажни снимки и фотографии од нападот во Сирија. „Ал Џезира“ објави некои од нив за кои успеала да ги најде оригиналите.

Инаку, човек сешто ќе се изнагледа од тој пуст Блиски Исток. На пример, кога некој сака да ги покаже жртвите, ама камерата малку предвреме ќе се вклучи.

Scroll to Top