Заразен со коронавирус еден од најблиските луѓе на Трамп

Припадник на американската Воена морнарица кој работи како еден од личните помошници на американскиот претседател Доналд Трамп, е позитивен на коронавирус, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Во прашање е припадник на елитната воена единица, која е доделена на Белата куќа и тој често блиску соработувал со претседателот и неговото семејство. Изворот за американската телевизија, наведува дека Трамп бил вознемирен кога бил информиран дека неговиот помошник е позитивен и дека и самиот повторно бил тестиран.

Белата куќа потоа соопштила дека Трамп и потпретседателот Мајк Пенс не се позитивни на коронавирусот.

Извор од американската администрација изјавил дека неименуван помошник ги почувствувал симптомите во средата утрото и додал дека веста за тоа дека некој од опкружувањето на Трамп е позитивен, предизвикало загриженост поради можната изложеност на самиот претседател на опасниот вирус.

 

 

Помошниците од единицата на Воена морнарица објавиле за претседателот низа на лични задаи. Покрај останатото, тие се одговорни за храната и пијалоите и тоа не само во Западното крило, туку и за време на патувањата.

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, помошниците имаат редок увид во приватниот живот на Трамп, пренесува „Танјуг“.

 

Scroll to Top