Здравјето на Асанж е загрозено поради коронавирусот

Коронавирусот се појавил и во затворот во кој престојува основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж. Условите во затворот Белмарш се многу полоши од тоа што го претставуваат британските власти, тврди главниот уредник на „Викиликс“, Кристин Храфинсон, укажувајќи на опаноста од избивање епидемија на опасниот вирус.

„Чуварите во затворот доаѓаат и заминуваат, а најмалку третина од нив не доаѓаат на работа, затоа што се заразени со коронаируот или затоа што се наоѓаат во изолација“, изјавил Храфинсон за „Раша тудеј“.

Тој додал дека бројот на заразени затвореници во оваа усванова е многу поголем отколку што официјалните податоци тоа го покажуваат, затоа што не се прават доволни тестови.

„Ситуацијата особено е загрижувачка за Асанж, затоа што неговата здравствена состојба беше влошена и пред избивањето на епидемијата“, изјавил Храфинсон.

Тој вели дека Асанж е чувствителен, особено на вируси како што е Ковид-19.

„Тој има проблеми со белите дробови, што значи дека е ризичен пациент, дури и во нормални услови. Тој е во ситуација во која неговиот живот е во опасност секој ден, секој час“, вели Храфинсон.

Тој тврди дека и британските власти не се грижат премногу за Асанж, како ни за другите затвореници, особено во периодот на епидемијата на вирусот. Исто така ја критикуваше одлуката на судот да продолжи со рочиштето за испорака на Асанж во САД, како да ништо не се случува во светот.

Scroll to Top