Жена си го отрула сопругот за да му ги земе парите од животното осигурување

Кори Ричинс од Јута го отрула сопругот Ерик со фентанил со цел да ги добие парите од неговата полиса за животно осигорување. Подоцна напишала и книга за деца, пренесоа тамошните медиуми.

Ричинс е млада писателка од Јута, која наводно во перидоот меѓу 2015 и 2017 година, без негово знаење го осигурала сопругот Ерик Ричинс на два милиони долари. Новите информации и докази биле претставени пред судот, по што било наредено да се одложи рочиштето, пренесоа американските медиуми.

Обвинителите наведоа дека Ричинс, која е мајка на три деца, на сопругот му подготвила коктел во кој ставила смртоносна доза фентанил. Во прашање е вештачки синтетисана дрога која е педесет пати посилна од хероинот. Дрогата ја купила од нејзин близок за 900 долари.

Медиумите пренесоа дека е обвинета за убиство откако ја објавила книгата „Дали си со мене?“, во која се работи за татко кој починал и од небото како анѓел ги набљудувал своите деца.

Книгата ја промовирала и по телевизии и радио станици. Обвинителите навеле дека Кори додека била во брак, подигнала кредит од 250.000 долари, украла 134.000 долари од деловните сметки на сопругот и подигнала 100.000 долари од неговата лична сметка и потрошила повеќе од 30.000 долари од неговите кредитни картички.

Медиумите пренесоа дека несреќниот сопруг за ова дознал дури во 2020 година, откако ангажирал адвокат за развод. Кори наводно се согласила да му ги врати парите. Ја променил својата полиса за осигурување ѝ ја исфрлил од тестаментот.

По неговата смрт, таа се обидела да се претстави како корисник на полисата, но неговите сестри ѝ се спротиставиле. Парницата околу наследството од 3,6 милиони долари, траело шест месеци.

Претходно, како што открива „Дејли Мејл“, до тој момент, Кори верувала дека ќе наследи имот од најмалку 3,6 милиони долари по неговата смрт, во согласност со условите од предбрачниот договор кој го потпишале во јуни 2013 година кога стапиле во брак.

Сестрите пред судот реколе дека нивниот покен брат открил дека Кори веќе еднаш се обидела да го отруе и дека ако нешто му се случи, треба да знаат дека таа е виновна. Семејството исто така верува дека Кори го изневерувала.

Полицијата во ноќта на 3 март 2022 година, го пронашла неговото тело покрај креветот. Кори им рекла дека со сопругот таа вечер славеле и дека сакале да купат куќа од два милиони долари. Им рекла дека била во детската соба каде спиела, а него го нашла во спалната и дека кога го допрела бил ладен.

Во моментов таа се наоѓа во притвор и се соочува со обвинение за убиство од прв степен.

 

Scroll to Top