Жртвите на Епстајн зборуваа пред судот, прикажани и снимки од рацијата во домот на милијардерот

Шеснаесет жени денес пред судот во Њујорк сведочеа за силувањата и злоупотребувањата што ги правел осудениот педофил-милијардер Џефри Епстајн. Низ медиумите почнала да кружи и снимката од рацијата направена на неговиот луксузен имот во Палм Бич, каде што биле направени дел од тие злосторства.

Полицијата во 2005 година во Палм Бич упаднала во 16,4 милиони долари вредната вила на милијардерот, каде се верува дека тој и неговите богати и влијателни пријатели сексуално искористувале малолетни девојки. На почетокот на видеоснимката, која трае речиси еден час, полицијата влегува во куќата со оружје.

Детективот го чита налогот за пребарување. Потрата почнува во гаражата во која биле паркирани две црни лимузини, кабриолет и мотор. Потоа службениците почнуваат да ја пребаруваат дневната просторија, каде речиси зад секој ѕид има закачено фотографии кои потсетуваат на типични семејни фотографии од одмори.

На некои од фотографиите Епстајн е сликан како се ракува со познати светски лидери, вклучувајќи го Фидел Кастро и папата Јован Павле Втори. Во приватните делови на имотот, има девет спални соби, а фотографии на ѕидовите во нив јасно укажуваат на изопачената природа на милијардерот.

На нив има млади девојки, неретко и малолетни, кои главно биле облечени во бикини или биле фотографирани целосно голи. На една фотографија се наоѓа девојче во фустан со отворен грб, за кое би можело да се каже дека има околу шест години, пишува „Дејли мејл“.

На друга фотографија, темнокосото девојче кое изгледа како да има 15 години, позира во црни бикини. Под фотографиите е поставена и фотографија на целосно гола девојка, која лежи на плажа. На неколку фотографии се наоѓа и тогашната девојка на Епстајн Гислејн Максвел, вклучувајќи ја и таа на која лежи гола на плажа.

По раскинувањето, Максвел останала блиска со Епстајн. Таа му врбувала девојки, главно малолетнички, за своите поранешни дечковци и неговите влијателни пријатели. Претресот на имотот, сместен на само еден километар од клубот на Доналд Трамп „Мар-а-Лаго“, се случил на 20 октомври 2005 година.

Истрагата траела 11 месеци, а е покрената по пријавата дека Епстајн ангажирал малолетни девојки да го масираат, додека тие биле голи или облечени само во долна облека. Милијардерот на крајот ја признал вината, а потоа се спогодил со обвинителството. Според спогодбата, Епстајн отслужил само 13 месеци робија во окружниот затвор.

Милијардерот бил регистриран и како сексуален престапник. Постапката против Епстајн повторно е покрената во 2018 година, со тоа што овој пат таа е проширена и подигната на федерално ниво. Епстајн се обесил во својата ќелија во Њујорк на 10 август годинава, додека го чекал почетокот на судењето.

 

 

Scroll to Top