Зошто момчето кое висеше на зграда не беше спасено од човекот од соседниот балкон?

Видеото со младото момче мигрант од Мали Мамоду Гасама, кој го спаси животот на четиригодишното момче од зграда во Париз, го обиколи светот, но се јавија голем број теоретичари на заговор кои бараат објаснување зошто детето не беше спасено од човекот од соседниот балкон.

Напротив, мажот чекајќи го Мамоду Гасама да се искачи до четвртиот кат, ризикувал детето да падне.

Зошто детето не беше спасено од мажот од соседниот балкон?

Еден дел од јавноста почнал да се прашува зошто мажот од соседниот балкон, кој детето веќе го имал фатено за рака, не го подигнал, пред Мамоду Гасама да се искачи и да го спушти на безбедно. Веќе се појавија и теоретичари на заговор кои тврдат дека сето тоа било изрежирано со цел да се промовираат мигрантите во Франција.

На снимката се гледа дека кога мигранот беше на половина пат до четвртиот кат, на балканот до оној од кој висеше детето се појави маж. Додека Мамоду Гасама се искачувал по фасадата на зградата, мажот можел да го фати детето за рака и да го земе кај себе.

Единствен проблем можело да биде само преградата меѓу двата балкона. На снимката се гледа дека таа малку му го отежнува пристапот до детето и се верува дека поради неа човекот не бил во можност целосно  да го фати и безбедно да го пренесе кај себе. Многумна веруваат дека не сакал да го ризикува детскиот живот.

Втората причина би можела да биде  тоа што кога мажот успеал да го фати детето и лесно да го подигне, Мамоду Гасама веќе стоел на балконот под оној од кој висело момчето.

Може да се претпостави дека одлучил да го почека парискиот Спајдермен, како што јавноста подоцна го нарече, да се искачи на балконот каде што висело момчето и заедно да го подигнат.

На втората објавена снимка уште појасно се гледа дека и двајцата заедно го подигнуваат детето за да биде колку што е можно побезбедно, а им помага и една жена која исто така се појавила на соседниот балкон.

 

 

 

Scroll to Top