Зошто во анимираните филмови на „Дизни“, не ги гледаме мајките на цртаните херои

Извршниот продуцент на Maleficent, Дон Хах, објаснува зошто речиси сите цртани ликови во „Дизни“ немаат мајки. Тој вели дека мајките за некои цртани херои може се прикажуваат, но тие се многу малку, а и кога ги има, ги гледаме многу кратко.

„Тоа се случува од една единствена и многу практична причина. Филмовите на „Дизни“ траат од 80 до 90 минути и најмногу се однесуваат на растењето. Тие се прават за оној период во животот, кога треба да се превземе одговорност. На пример Симба побегна од дома, но се врати. Накратко, ликовите многу брзо растат кога ќе останат без родители. Мајката на Бамби ја убија на почеток па мораше да порасне сам. Бела од „Убавицата и ѕверот“, имаше само татко, но го изгуби за момент, па и таа мораше на некој начин да порасне. Тоа е тоа накратко“, објаснил Дон.

Тој вели дека работел на класичните филмови на „Дизни“, како што се „Убавицата и ѕверот“, „Кралот лав“, па објаснил дека постои и една, повеќе фројдовска и депресивна причина, зошто во цртаните не се појавуваат мајките.

Имено во раните 40-ти години од минатиот век, Волт Дизни им купил куќа на своите родители.

„Тој испрати едни дечки од студиото да им ја поправат печката, а кога мајка му и татко му се преселиле тами, печката прочурила и мајката на Дизни починала“, вели Дон.

„Домарот ги пронашол следното утро и ги извлекол надвор. Татко му бил во лоша состојба и веднаш го однеле во болница, но, мајка му починала“, додава тој.

Според приказната на Дон, Дизни никогаш не зборувал за смртта на својата мајка.

„Никогаш не проговори за тој период, затоа што чувствуваше лична одговорност. Тој стана толку успешен и сакаше да им подари куќа. Сонот на секое дете е на своите родители да им купи куќа, а благодарение на чудната природа, без негова вина, работниците во неа, не знаеле што прават“, вели Дон.

„Тоа е само една од теориите. Јас не сум психолог, но мислам дека тоа го прогонуваше. Идејата дека придонел за смртта на неговата мајка е навистина трагична“, објаснува Дон.

Додека неговото објаснување се чини сосема логично, други се прашуваат дали во позадина се крие многу помрачна природа, (можеби и подсвесно некоја скриена порака), поради која „Дизни“ и другите творци на анимирани филмови не ги вклучуваат мајките во своите анимирани филмови.

 

 

Scroll to Top