Науката говори дека Земјата постои околу 4,5 милијарди години, а луѓето ја нарекуваат свој дом само 200.000 години. Научниците велат дека логично е да се тврди дека нашата планета постоела и се развивала пред нас, а тоа ќе продолжи и ако луѓето не постојат повеќе.
Според нивното предвидување, можни се неколку можности, што би се случило со нашата планета, ако човекот го снема во иднината.
По неколку часа
Не треба да мине долго врме за да се почувствува овој ефект. Во рок од неколку часа, на планетата без ниту еден човек на неа би настанале шокантни промени. Планетата таква каква што ја познаваме засекогаш ќе се промени. Затоа што поголемите електрични централи ширум светот, работат на фосилни горива кои ги произведува човекот кој ги води тие електрани, струјата целосно би исчезнала. Светлата и машите кои работат на струја би се угаснале. Во светот целосно би завладеал мрак, а би останало струја само колку што може да произведе соларниот панел и ветроелектраните.
По неколку дена
Низ 48 часа без исправно одржување, би се угасиле и ветропарковите и соларните панели, па нема да има ниту струја. Домашните миленици би почнале да гладуваат и умираат. Ќе патат и животните на фармите. Железничките станици и целата подземна инфраструктура брзо би потонала, затоа што пумпите кои тоа го спречуваат, ги управува човекот.
По неколку недели
Некои животински видови кои луѓето ги имаат создадено, како булдог и териер, ќе изумрат за кратко време по човекот. Големите кучиња, благодарение на нивните инстикти за преживување, ќе почнат да формираат големи чопори и ќе почнат да ги ловат помалите животни во потрага за храна. Сите одомаќени животни би станале плен за веќе постоечките диви животни, кои без луѓето на планетата, ќе почнат да ги населуваат големите градови и метрополи. За неколку недели, бројни животни, кои биле затворени во зоолошките градини, ќе успеат да побегнат и брзо да станат предатори како и нивните предци.
По месец дена
Водата која помага во разладувањето на бројни нуклеарни електрани би испарила, што би предизвикало ужасни нуклеарни експлозии. Милиони животни и билки би исчезнале од радијацијата или рак предизвикан од силните експлозии. Системите за канализација кои се ослонуваат на човечкото управување би престанале да работат, а по собирањето на прекумерните количини без регулација, целата содржина би се излила во реките и езерата. Тоа би ги убилo повеќето диви животни во нив, уништувајќи цели екосистеми. Хемиското и индустриското производство на гас би почнале да влијае на околината, затоа што хемикалиите би се ослободиле во атмосферата, додека природниот гас би предизвикал пожари кои би траеле со денови.
По година дена
Ако луѓето исчезнат по една година, Земјата би почнала да се самоизградува, затоа што не би постоел никој кој би ја контролирал или моделирал. За среќа, планетата би се опоравила од сите нуклеарни, хемиски и слични катастрофи за кратко време. Без изненадување, целиот материјал, кој инаку би се рециклирал, како пластиката и електрониката, сега би се нашол во водените токови. За година дена по исчезнувањето на луѓето, сателитите би почнале да паѓаат од небото, создавајќи спектакл каков што би направил дожд на метеори.
25 години подоцна
Без луѓето и нивното мутирање на гените на билките, тие би пораснале многу поголеми, а и полесно, при што некои од ваквите видови би изумреле, а оние поотпорните, би доживеале огромна експанзија. Би било потребно околу две децении вегетацијата повторно да се врати и да се создаде природно, во оригиналната состојба.
Билките би пораснале и низ градовите и метрополите, а со вегетацијата би дошле и животните. Така градоите би ги преплавиле дивите животни, а зградите и домовите без одржување, масовно би пропаднале. Градовите како Дубаи и Вегас, би се вратиле во нивната природна состојба, би биле покриени со песок од пустината. Загадувањето кое го предизвикува човекот би се намалило, а видливоста значително би се зголемила.
300 години подоцна
Животните сега владеат со светот, а некои загрозени животни како што се слоновите би се опоравиле од човечките штетни активности. Распространетоста на дивите животни би била голема. Лавовите и слоновите кои Африка ја сметаат за свој дом, веројатно сега би се преселиле во Берлин, Париз и Њујорк. Повеќето челични конструкции како што се мостовите, облакодерите и слично, би почнале да паѓаат поради корозија. Морскиот свет исто така би се опоравил и најверојатно би се развивал без луѓето, а светските мориња би биле преплавени со живот.
10.000 години подоцна
Сите градови и секој можен потсетник на постоење на човекот би исчезнал. Исклучок би можеле да бидат неколку камени структури, кои до ден денес одолеале на забите на времето и кои се изградени за да траат цела вечност. Се претпоставува дека меѓу нив би се нашле пирамидите, Големиот кинески ѕид и споменикот Маунт Рашмор.
50 милиони години подоцна
Една работа која е поврзана со луѓето, а која би можела да преживее 50 милиони години би била пластиката во фосилите. На планетата би и биле потребни дополнителни 50 милиони години, за да се ослободи од пластиката и последната трага на човековото постоење.