Роберт Баер, поранешен висок претставник на ЦИА и автор на голем број пишани дела во кои јавно обелоденил некои од тајните информации од Централната известувачка агенција, во својата книга The secret of White House го открива планот на неговите поранешни шефови за растурањето на поранешна Југославија.
Баер вели дека го ставил својот живот на коцка во повеќе наврати за време на владеењето на администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш. Вели дека неколкупати бил приведен и уапсен од страна на американските служби.
Дел од тајните информации ги добивал од неговиот пријател Мит Васпрух, кој работел во Сенатот. Васпрух платил со живот поради предавството и издавањете информации карактеризирани како државна тајна. Роберт Баер тврди дека неговите шефови издале наредба тој да биде убиен во хотелот каде што престојувал.
„Мојот шеф, кој работеше во Американскиот сенат, во неколку наврати ми напомена дека има план да изведе голема воена акција во Босна. Месец дена подоцна, пред да се случи геноцидот во Сребреница, мојот шеф ми соопшти дека босанскиот град ќе биде искористен како еден вид засолниште за медиумите. Подоцна добивме наредба да отвориме оган врз цивилите. Стануваше збор за граѓани кои живеат во Сребреница. Од другата страна, Србите, веројатно во паника, отворија оган врз нас. Сигурен сум дека некој ги хушкал против нас“, вели Баер.
Како висок оперативец на ЦИА, Баер работел на територијата на Југославија. Работел како оперативец во периодот од 1991 година до 1994 година. Учествувал и во воени акции на Блискиот Исток. Тој се согласил да даде изјава во неколку документарци на каналот National Geographic. Баер во своите изјави не ја криел одговорноста на владата на Џорџ Буш. Тој го обвинил поранешниот претседател дека бил дел од креираната војна направена поради нафтата.
Баер имал интервју за една од канадските телевизии, а подоцна ја промовирал и книгата The secret of White House. Во неа говорел за позадината на војната во Југославија. Ова се дел од неговите коментари.
„Во Југославија пристигнав со хеликоптер заедно со уште тројца агенти. Слетавме на 12 јануари 1991 година, а имавме за задача да внимаваме на терористите од српска националност, за кои добивме информации дека планираат да го нападнат Сарево. Ни беше кажано дека станува збор за терористи и ни дадоа список од група која се водела под името ‘Врховна Србија’. Ни беше соопштен дека Србите планираат да изведат бомбашки напади врз клучните згради во Сараево и само поради желбата на Босанците да се одвојат од тогашната Југославија“, вели Баер.
„Подоцна се утврди дека таква група никогаш не постоела. Бевме измами од нашите шефови и централата во САД. Имавме задача да шириме паника меѓу политичарите во Босна. Им ја полневме главата на Босанците дека Србите имаат во план да ги нападнат и уништат. Операцијата траеше месец дена и се водеше под кодното име ‘Вистина’. На почетокот и јас ја прифатив оваа приказна, но кратко подоцна ни стана јасно зошто е направена оваа операција. За мене целата работи заврши за краток период. Набрзо потоа добив нова задача во Словенија“, вели Баер.
„Во Словенија добив инструкции дека земјата е подготвена да прогласи независност. Нашата служба ни даде неколку милиони долари, а со тие пари ги финансиравме разните невладини организации, заробени партии и разни политичари. Задачите кои ги добивавме од ЦИА не смеевме да ги одбиеме. Сите мои колеги во тој период беа нервозни и параноични. Се случуваше голем број агенти и високи претставници на ЦИА да исчезнат кратко откако одбиле да работат на пропаганда против Србите во Југославија. Јас лично бев шокиран од лагите на нашата агенција и политичарите! Многу агенти на ЦИА работеа на пропагандата, но не беа свесни за тоа. Пропагандата што ја водевме имаше за цел да ги заведе народите да се одвојат од матичната Југославија. Моравме да избереме жртвено јагне кое ќе беше посочено дека е виновно за сè. Некој кој требаше да биде одговорен за војната и насилствата. Србија беше одбрана затоа што на некој начин беше наследник на Југославија“, објаснува Баер.
„Стипе Месиќ, Фрањо Туџман, Слободан Милошевиќ, Алија Изебеговиќ и голем број советници и членови на владите во Југославија беа на платните списоци на ЦИА. Беа плаќани и српски генерали, новинари, па дури и поедини воени формации. На платниот список се најде и името на Радован Караџиќ, но тој престана да зема помош откако разбра дека ќе биде жртвуван и обвинет за злосторствата во Босна. Поедини агенти на ЦИА беа задолжени да запишуваат службени изјави за специјални новинари и спикери, читачи на вести. Новинарите не знаеја ништо за тоа што се крие во позадината. Тие не беа свесни дека преку телевизијата се ширеше омраза и национализам“, продолжува Баер.
„Во 1992 година, кога пристигнав во Босна, бев дел од акцијата што подразбираше обука на воени формации кои ја претставуваа новата држава на Босна. Сребреница требаше да стане приказна од која голем број лица требаше да бидат изманипулирани. На крајот бројот на жртвите можам да кажам дека беше еднаков и кај Србите и другите националнисти. Сребреница беше еден вид политички маркетинг. Жртвите во Сребреница настанаа поради сите нас. И Срби и Босанци и Американци. На крајот злосторствата се препишаа само на Србите. За жал, голем број од жртвите се погребани како муслимани. Но, имаше мртви и од српска и други националности. Пред неколку години мој другар, кој беше поранешен агент на ЦИА, а сегашен член во ММФ, изјави дека Сребреница е производ на договорот кој настанал меѓу американската влада и политичарите во Босна. Сребреница како град беше жртвувана. По извршениот напад на Србите, Америка имаше повод за напад“, вели Баер.
„Јасно беше кој сакаше да има војна. Тие зборуваа за мир, а сега се сопственици на компании во кои се експлоатираат голем број работници кои работ во рудници со разни рудни богатства. Направија од вашите луѓе робови. Да работат за џабе, а производите завршуваа во Германија и Америка, каде што тие заработуваа големи пари! Балканските држави ги направија зависни со големите кредити и задолжувања. Тоа е целата приказна за Балканот“, вели Баер.
„Косово беше одделено од Србија поради две причини. Прво поради рудните и природни ресурси, а второ, покраината беше идеална за создавање воена база на НАТО. Сега само можам да им порачам на балканците да го заборават минатото. Тоа е режирано и лажирано. Балканскиот народ е изманипулиран, а моите поранешни шефови го добија тоа што го сакаат. Глупаво е да балканските народи да се мрзат. Морате да покажете дека сте силни и дека разбирате кој и што ви направил и со која цел. Од мое име можам да го изразам моето искрено жалење и да се извинувам. Мојата совест ми налага да продолжам да ги откривам тајните на ЦИА и Белата куќа“, завршува Баер во своите коментари во книгата The secret of White House.