Поранешниот претседател на Венецуела Хуго Чавес и неговиот наследник Николас Мадуро ја искористија заканата „инвазија на САД“ како изговор за купување и складирање многу оружје, кое доаѓа главно од Русија, пишуваат американските медиуми.
Тие пишуваат дека ако САД се вмешаат во соборувањето на режимот во Венецуела, целото оружје би можело да заврши во рацете на тамошните банди и герилските групи, кои можат да направат големи проблеми на населението и владите во регионот.
Во периодот меѓу 1999 година и 2019 година руското оружје вредно милијарди долари, финансирано од руски кредити, влегло во земјата.
Поради недостигот на транспарентност не може да се стигне до прецизни и точни податоци, но американските медиуми пишуваат дека во последните неколку години владата на Венецуела набавила најсовремени противвоздушни ракети од типот s-300.
Од Русија увезла стотина илјади пушки АК-47 и муниција, а набавиле и 5000 MANPADS Igla-S (пренесливи системи за противвоздушна одбрана). Тоа јавно може да се забележи во воените договори кои излегле во јавност.
Нема сомнение дека венецуелската војска во свој посед има многу повеќе оружје и опрема од тоа што се мисли. Колумбиското герилско движење Ejercito de Liberacion Nacional (ELN), има своја база во Венецуела и наводно има добри односи со војската.
Бразилските групи за трговија со дрога, исто така имаат корист од можен колапс во Венецуела. Групите како што е Бразилската Familia do Norte (Северното семејство) и доминантната Primeiro Comando da Capital (PCC), имаат воспоставено пристуство во неколку земји во регионот.
Бразилските банди, особено PCC, веќе се фатени во криумчарење на венецуелско воено оружје во Бразил. Групите како ELN, а можеби и Zeta во Мексико имаат силен интерес за купување на оружјето MANPADS, а некои од овие групи веќе успешно го имаат набавено ова оружје.
Во извештајот на Стејт департментот од 2017 година, е нагласенo смртоносно оружје MANPADS. Наведено е дека од 1975 година биле лансирани врз 40 цивилни авиони ширум светот, а соборени биле 28 летала.
Освен тоа, ширењето на повеќе конвенционални оружја, вклучувајќи ги и оние кои се продадени од САД, им овозможува на криминалните групи да создаваат злосторства и им прават проблеми на владите во регионот.
Герилските групи и други транснационални криминални организации, го фаворизираат оружјето како AK-47, снајперски пушки и експлозиви C4, како свои стандардни оперативни алати во терористичките напади, грабежите и нападите на силите на безбедност.
Венцуелската војска има многу од тоа оружје, а наскоро би можеле да заврши во рацете на најповолните понудувачи. Сè уште се алармантни извештаите дека долго очекуваната руска фабрика се обидува да почне со работа во Венецуела до крајот на 2019 година, ветувајќи дополнителни 25.000 пушки годишно.