Американски брачен пар скрил тајни од нуклеарна подморница во сендвич и сакал да ги продаде на странска држава

Нуклеарниот инжнер на американската морнарица Џонатан Тоби (42) и неговата сопруга Дајана (45) се уапсени во саботата во Западна Вирџинија, поради обид за продажба на нуклеарни тајни, соопштија од американското Министерство за правда.

Тие наводно се обиделе да ги продадат дизајните за нуклеарната подморница на друга земја. Ги сокриле во сендвич со путер од кикирики и му ги дале на човек за кого мислеле дека е претставник на друга земја. Но, всушност дизајните му ги дале на таен агент на ФБИ.

Тие сега се обвинети во рамки на американскиот Закон за атомска енергија. Џонатан работел во програмата на американската морнарица за нуклеарен погон и имал национална безбедносна дозвола.

Американското министерство за правда соопшти дека во април 2020 година, владата испратила пакет кој содржел ограничени податоци и порака со одредени наговестувања, за да може, со пари од Џонатан да извлече повеќе податоци.

Тогаш Џонанат почнал да му пишува на тајниот агент шифрирани мејлови, мислејќи дека тој работи за странска земја. Неколку месеци подоцна, тие се обвинети дека се договориле за размена на тајни податоци во замена за 100.000 долари во криптовалути.

Во јуни оваа година, Џонатан и Дајана Тоби заминале во Западна Вирџинија за да ги остават податоците. Додека Дајана набљудувала, Џонатан ја поставил SD картицата скриена во сендвич со путер од кикирики на одредена локација, е наведено во соопштението.

Потоа, агентот ја собрал картицата, ја направил уплатата и ја примил шифрата за дешифрирање на пристапот на SD karticata. На неа биле податоците кои се однесувале на поморскиот нуклеарен реактор.

 

 

 

 

Scroll to Top