Основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, вели дека теориите според кој тој има улога во заговорот за глобално чипување на луѓето се толку глупи, што речиси е невозможно да ги демантира, пренесува Курир.рс.
На почетокот на пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи и во медиумите на интернет, почнаа да се шират разни теории на заговор за тоа како неговата и фондацијата на неговата сопруга Мелинда Гејтс, на некој начин се одговорни за тоа и дека тие се обидуваат преку вакцините да ги чипираат луѓето.
Теоретичарите на заговор сметаат дека на тој начин, Бил Гејтс ќе може да ја оствари неговата крајна цел, целосно глобално следење на луѓето.
„Никогаш не се занимавам со микрочипови. Речиси е невозможно да се демантира колку е тоа глупо и бесмислено“, ја цитирал „Бизнис инсајдер“ изјавата на Бил Гејтс, пренесува РИА.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е вториот најголем донатор на Светската здравствена организација и во периодот од 2018 до 2019 година, обезбедила речиси 10% од буџетот на Светската здравствена организација.
Фондацијата се занимава со финансирање и истражување во областа на производството на лекови и вакцини. Светската здравствена организација на 11. март, прогласи пандемија на коронавирусот. Според најновите податоци, бројот на заболени во светот надминал 6,4 милиони, а повеќе од 380.000 луѓе се починати.
Извор/Курир.рс/Бизнис инсајдер