Боксер собори гинесов рекорд, чекал шест децении да му биде извршена смртна казна, а на крај го пуштиле

Поранешниот јапонски боксер, 87-годишниот Ивао Хакамада, влезе во Гинисовата книга на рекорди како осуденик кој најдолго време чекал на извршување на смртна казна. Бил осуден на смрт заради убиство на еден од неговите шефови со сопругата и двете деца.

Убиството се случило во централна Јапонија во 1966 година. Неговите адвокати рекоа дека обвинителите одлучиле да не се жалат на одлуката на Високиот суд во Токио, во која е наведено негово повторно судење.

Затоа што се откажале од специјалната жалба до Врховниот суд, повторното судење ќе се одржи во Окружниот суд Шизуока, каде што првично му се судело.

Хакамада на 11 септември 1968 година е осуден на смртна казна за четирикратно убиство, случај кој во јавноста стана познат и како „Инцидентот Хакамада“. Бил обвинет за убиство на еден од неговите шефови со сопругата и двете деца. Прво ги избодел до смрт, а потоа ги запалил.

На полицијата им кажал дека сакал да го изгасне пожарот, а потоа ги пронашол нивните тела, но по истрагата било утврдено дека од домот на убиените исчезнале 200.000 јени, а на неговата облека била откриена мала количина крв и бензин.

На судењето го повлекол признанието, објаснувајќи дека го дал затоа што бил мачен. Неговите адвокати рекоа дека полицијата во август истата година кога се случило убиството, полицијата го испрашувала 264 часа, односно по 16 часа дневно во период од 23 дена, сè додека не го извлекла признанието.

Не му дозволувале ни да пие вода ниту да оди во тоалет. На сестра му и објаснил како полицијата успеала да го извлече признанието.

„Морав да клекнам да се стиснам за да одам по голема нужда. Еден од полицајците ми го зеде палецот ми го натопи во мастило и го извлече признанието удирајќи и вртејќи ми ја раката“, рече Хакаманда.

Смртната казна прво била закажана за 11 ноември 1980 година. До тогаш сè уште тврдел дека е невин. На син му во 1983 година му напишал писмо за да му докаже дека не е убиец.

„Ти докажав дека татко ти не е убиец и дека полицијата тоа најдобро го знае. И на судијата дури му падна жал. Ќе ги скршам овие челични окови и ќе ти се вратам“, му напишал Хакаманда.

За случајот се заинтересирал и министерот за правда кој одбил да го потпише актот за извршување смртна казна, бидејќи се сомневал во валидноста на доказите и судењето. Се вмешала и Боксерската федерација на Јапонија, а со напредокот на технологијата дошло до нов правец во истрагата.

Биле испратени повеќе од 2000 жалби за ново судење, а најголемиот пробив се случил во 2008 година, кога со ДНК анализа било утврдено дека крвта на облеката не била негова.

На 27 март 2014 година, конечно бил ослободен, а на 10 март 2011 година тој веќе имаше влезено во „Гинесовата книга на рекорди“, како осуденик кој најдолго чекал на извршување на смртната казна.
Во текот на неговата професионална боксерска кариера имал 29 борби, а беше и на шестото место на најдобри боксери во светот.

 

Scroll to Top