Британско радио по грешка 24 часа емитувало програма во која Ал-Каеда пропагира светска војна

Радиото станицата „Иман FM“ се пренесуваше 25 часа, од страна на проповедникот на омраза, Анвар Ал-Авлаија, кој пак беше убиен од страна на американски дрон во 2011 година, пренесува Dailymail.

Муслиманската радио станица го емитуваше предавањето на терористичкиот водач на Ал – Каеда, кој го повикуваше светот на војна.

Тужбата ја поднесе британскиот Ofcom, кој ја суспендираше лиценцата и дзволата на радио станицата, која се емитуваше во британскиот град Шефилд.

Ofcom нагласи дека материјалот „изнесен на радиото, ги повикува на акција членовите на муслиманската заедница за подготовка и спроведување на насилие кон немуслиманските луѓе“.

Шефовите на радиото „Iman FM“, имаат 21 ден да се изјаснат дали ќе ја изгубат дозволата и ќе бидат затворени. Откриени се и екстремистички предавања на Јутјуб, кои исто така се емитирани од Рамазан.

Ofcom, изјави дека Ал-Авлаки, кој бил американски муслимански клерик, од јеменско потекло, исто така бил водач, регрут и тренер на Ал-Каеда.

Изјавил дека исто така тој ги инспирирал нападите на Чарли Хебдо во Париз, и обидот да го разнесе американскиот авион и масакрот над 13 луѓе во Форт Хоод во Тексас.

Предавањата се емитувани на англиски јазик на 14 јуни во кој Ал-Авалки изјави: „Подгответе се за сила како онаа во светата војна на Алах. Тоа е облик за обожување“.

Според правилата на емитување, говорот на омраза не смее да се изнесе на ТВ или радио програма, освен ако не е оправдан во контекстот.

Радио станицата Иман ФМ, тврди дека биле свесни за проповедниците во позадината, и рекле дека не се сите материјали проверени пред да бидат емитувани.

Директорот на Ofcom, го опиша ова како „неверодостојно“.

Мохамед Мугхал, главниот директор на радио станицата изјави: „Ова е многу, многу тажно, затоа што ние не знаевме дека ова е предавање и проповедање на омразата“.

„Ние не сме муслиманска радио станица и ние редовно ги угостуваме и христијанските гости“.

 

Scroll to Top