Бројот на деца што земаат антидепресиви е зголемен 54 отсто

Објавена е глобална студија која кажува дека порастот на бројот на деца што се подложни на антидепресиви секаде е пораснат речиси 50 отсто, а во некои држави, како Данска, ваквата бројка пораснала и повеќе од 60 проценти.

Неодамна извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) покажа дека со неверојатна брзина расте бројот на децата на кои им се препишуваат антидепресиви.

Станува збор за алармантна бројка, која покажува дека во период од седум години процентот на заболени деца што земаат лекови што им се припишуваат против депресија и други нарушувања е зголемен 54 отсто.

Директорот за ментално здравје, доктор Шекхтар Сахен, од СЗО, исто така ја сподели загриженоста велејќи дека употребата на антидепресиви меѓу младите е предмет на загриженост од две причини.

Првата е дека сѐ повеќе деца стануваат зависни од антидепресиви на почетокот на животот иако за тоа нема причина, а втората е фактот дека антидепресивите прават повеќе штета отколку што младите имаат корист од нив. Значи, стануваат зависници уште од најмладата возраст.

Само наивните сѐ уште не гледаат дека всушност станува збор за намерен напад на човекот, проект за создавање подреденост на човештвото.

Начин на изработка: Што поголем зависник, толку поголем поданик.

Во научното списание European Journal of Neuropsychopharmacology објавена е глобална студија која покажува дека порастот на бројот на деца што земаат антидепресиви секаде е пораснат речиси 50 отсто, но во некои држави како Данска тој број е пораснат и повеќе од 60 отсто, што е показател за еден вид дрогирана нација и хаотична состојба пред што не смее да се замолчи.

Доктор Маурен Бакер, претседателот на „Ројал колеџ“, лекар по општа пракса, изјавил дека антидепресивите не би смееле да се користат како прв избор на семејството за лекување на децата. Каква блага изјава. Вниманието, се разбира, се насочува кон родителите, а не кон лекарите, кои под притисок заработуваат труејќи цела една генерација без причина.

Односно со причина. Труење, зависничко општество, зависници не само од антидепресиви туку и од сите други изопачености на кои сме изложени. Тоа само ја потврдува другата нова студија, која вели дека лекарите антидепресивите му ги препишуваат на секого, а повеќето пациенти воопшто не ги исполнуваат службените критериуми за клиничка депресија.

Истражувањето што може да се најде во списанието Journal of Clinical Psychiatry вели дека 69 отсто од луѓето на кои им се препишуваат антидепресиви воопшто не покажале знаци што лекарите треба да ги забележат за да им препишат лек. Тука доаѓаме до намерното масовно злосторство за кое сите молчат. Затоа што, кој ќе им суди ним, сепак тоа се манијаци на новиот светски поредок, со научни дипломи.

Во продолжение гледајте го документарецот за психијатријата, кој разоткрива многу повеќе за оваа злосторничка индустрија.

 

 

 

Scroll to Top