Новото видео што излезе во јавност докажува дека двајца напаѓачи пукале истовремено за време на масакрот што се случи во Лас Вегас истовремено негирајќи ги приказните на ФБИ за осамениот волк.
Три минути од овој видеоисечок докажува дека се пукало од разни пушки, од разни локации и од страна на повеќе напаѓачи.
Љубителот на концертот што го снимил ова видео се скрил од дождот куршуми, а многумина бегаа од тоа место да се засолнат.
Лицето што го има снимено ова легнало толку ниско на земјата заедно со куп луѓе што ги охрабрило другите да побараат засолниште наместо да трчаат на отворено.
„Немојте, ние нема да се движиме. Само останете долу“, викала една девојка.
„Не станувајте, само останете долу!“, продолжи таа.
Првите рафали во видеото може да се слушнат во периодот од 0:15 минути на видеото подолу, по што веднаш потоа може да се чујат други рафали кои звучат многу поинаку. Истата работа се случува и може да се слушне на 2:01 минути од видеото, а потоа друг, целосно поинаков рафал, почнува да се слуша во 2:06 минути од видеото.
Важно е да се напомене дека, иако ова видео се чини дека ја потврдува теоријата за повеќе напаѓачи, постојат голем број разни сценарија кои може да ги произведат овие ефекти. Акустичниот и масивен бетонски град каков што е Лас Вегас сигурно може да си поигра дури и со најлукавиот аудиофил.
Иако тоа не е некој јавен огромен доказ, сепак ова видео сигурно ќе отвори нов правец во текот на истрагата и тоа во никој случај не смее да се занемари. Но, се чини дека мејнстрим-медиумите и полицијата, барем како што засега се одвиваат работите, целосно ги занемариле овие видеодокази.
Ова не е вистински доказ на кој се слушаат две пукања. Всушност, видеото што се појави во вторникот и е снимено од таксист јасно прикажува дека се слушаат пукања од две места, а не станува збор за ехо.
Додека седела во таксито пред хотелот „Мандалеј Беј“, Кори Лангдон почнала да го снима настанот веднаш кога го слушнала одекот од пукотниците. Нејзиното видео почнува со рафали што се слушаат од далеку, а за помалку од една секунда почнуваат пукотници што доаѓаат од близина.
Една недела по пукањето во Лас Вегас и понатаму постојат низа недоследности што се контрадикторни со службениот наратив. Освен одбивањето да се признаат сведоштвата на сѐ поголем број сведоци што тврделе дека имало повеќе напаѓачи, ФБИ во период пократок од 24 часа целиот масакр го сведе на само еден напаѓач.
Овој осомничен, 64-годишниот Стивен Падок, наводно го извел она што се нарекува најсмртоносно масовно пукање во модерната историја на САД со неверојатна вештина користејќи напредни оружја иако тој нема воена заднина и нема репутација на љубител на оружје. Самиот факт дека ФБИ не ги истражило доказите за тоа дали постојат и други напаѓачи целосно е апсурден.