Додека светот се занимава со коронавирусот, тајните служби имаат поинакви планови

Додека короната претставува доминантна тема во цела Европа, малкумина во јавноста забележаа дека 21 земји членки на Европската Унија заедно со Велика Британија и Норвешка покренаа нова платформа за подобра соработка на своите тајни служби. Ваквата платформа беше воспоставена на крајот на февруари, пишува „Курир.рс“.

Иницијативата за новата платформа под името Ineligence College of Europe ја покрена францускиот претседател Емануел Макрон, во еден свој говор на Сорбона во 2017 година. Неговата цел, кога станува збор за тајните служби, е Европјаните да станат незвисни од информации кои им доаѓаат од САД, Русија или Кина.

Во мај 2019 година, ICE, службено беше формирана во Париз. Иако беа поканети сите земји на ЕУ, договорот на заседанието во Загреб на 26 февруари, го потпишале само 21 од нив, плус Велика Британија и Норвешка. Засега во овој клуб не се Бугарија, Словачка, Полска, Луксембург и Грција. Заедно со Швајцарија, тие би требало да добијат статус на флексибилен партнер.

Интелектуална размена наместо шпионажа

Каква функција точно би требало да има новата платформа, засега останува нејасно. Од потпишаниот документ е јасно што не се сака. ICE не сака платформата да биде наменета за размена на доверливи информации или за заедничко планирање на тајни операции. Тоа не е цврста организација и нема некое постојано седиште.

Сепак има некој вид на претседателство и контролен одбор. И ништо од тоа што на платформата ќе биде заклучено, изјава или објава нема да биде обврзувачка за сите. Тоа значи дека постојат голем број нејаснотии поврзани со истата.

ICE е конципирана како необврзувачка платформа во која трипати годишно ќе се среќаваат претставниците на европските тајни служби, политичари и експерти и истите ќе разменуваат мислења, искуства на разни конференции и семинари. Би требало истата да го поттикне дијалогот меѓу луѓето кои работат во тајни задачи и оние кои носат политички одлуки.

Макрон во својот говор експлицитно говорел за потребата да се развие заедничка стратешка култура на работата на тајните служби.

Прашањето на демократска контрола

ICE не е единствената европска платформа за соработка на тајните служби. Уште во 1969 година, основан е „Клуб од Берн“, како место за размена на мислење на шефовите на европските тајни служби. Во март оваа година, австриските и швајцарски новинари, откриле дека полето на делување на тој клуб е многу поширок.

Откриено е дека постојат посебни банки на податоци и информатички системи во кои се наоѓаат голем број на лични податоци. Во 2019 година, еден тим од клубот ги посетил просториите на австриската тајна служба и извршил контрола на тамошните безбедносни мерки.

Скандалот кој следел не бил само во тоа дека Австријците не се придржувале на најосновните правила на заштита на тајните, туку пред се во фактот што клубот од Берн воопшто не смеел да превзема такви контроли.

Исто како и новата Intelligence College of Eurpoe тој нема ни правна форма, ни законски темели, а како некое аморфно наднационално тело не подлегнува на било каква демократска контрола. Оттука нема никакви овластувања да ги проверува прсториите на некои национални тајни служби.

Слично е и со таканаречените антитерористички банки на податоци на клубот од Берн. Нивните информации, кои барем делумно се потхрането во Холандија, се ставени на користење на американските и израелски тајни служби, кои често се појавуваат како набљудувачи на состаноците на клубот од Берн.

Внатре во ЕУ постојат и службени облици на соработка на тајните служби. Со полициската служба „Европол“, од 2003 година постои и Intelligence Analysis Centre (INCTEN) која е потчинета служба за странски работи на ЕУ.

Тоа не е некоја „европска тајна служба“, како што често се пишува, туку организација преку која се разменуваат и анализираат информации на поедини национални служби, па се анализираат и потоа испраќаат до европските институции. Бидејќи преку европските договори, земјите членки се тие кои се занимаваат со прашањата за безбедноста, малку е веројатно дека во блиска иднина, ќе биде формирана некоја заедничка, европска тајна служба.

Надвор од ЕУ, европските тајни служби соработуваат и во рамки на НАТО, а англосаксонските земји, САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, соработуваат во рамки на надгледување на телекомуникациите ширум светот во рамки на таканаречениот UKUSA – сојуз, познат и под името „Пет очи“. Овој сојуз е основан во 1946 година.

Како во сето ова ќе се вклопи новата европска платформа ICE, допрва ќе се види. Тоа пред се зависи од одговорот на прашањата кои секогаш ги следат таквите иницијативи. Колкава е навистина меѓусебната доверба на поедини земји и нивните тајни служби? Што малите земји, воопшто можат да им понудат на големите? и колку воопшто може да се контролира и легитимира таквата платформа?

Неодамнешните откритија во врска со активностите на клубот од Берн, покажуваат колку е важно да се даде одговор на овие прашања, Но, засега одговор нема, земјите и нивните тајни служби кои се вмешани, засега молчат за целата оваа работа.

Извор/Курир.рс

 

 

Scroll to Top