Легендарниот музичар Елтон Џон е познат по своите очила колку и по неговите огромни хитови. Сега тој откри дека неговата колекција на очила е толку голема што дури и неговата мега палата во Виндзор не е доволно голема за да ги складира сите.
Елтон во средата вечерта настапуваше со Бренди Карлајл на лондонскиот Паладиум, а во таа прилика му беа поставувани различни прашања – од оние за неговата кариера до неговите скриени хоби.
На прашањето на канадскиот актер Ден Леви колку очила има, Елтон одговори: „Не знам навистина. Ги чуваме во складиште затоа што немам толку голема куќа, но би рекол, претпоставувам меѓу 10.000 и 15.000 илјади.
Тоа насмеа многумина, а Бренди додаде: „Сега не се чувствувам лошо за мојата колекција на чевли“.
Инаку, замокот на Елтон Џон во Стариот Виндзор е на само 10 минути возење од замокот Виндзор и се наоѓа на 37 хектари земја. Големата куќа била изградена во 1500-тите за хирургот на кралот Хенри VIII, специјално поставена на повидок од замокот Виндзор, така што доколку се подигне знаме од дворот, лекарот може да го види и да притрча на помош на кралот.
Реновирана во 1989 година, вилата има осум спални соби, пет соби за гости, соба за билијард, па дури и терен за сквош. Ја купил во 1974 година за 480.000 евра, што е еквивалентно на 6,2 милиони евра денес, а тоа е само една од многуте куќи во сопственост на поп ѕвездата.
Елтон поседува и две куќи во Беверли Хилс и разни куќи за одмор низ Европа. Но, неговата палата во Вудсајд – во близина на местото каде што живеела неговата сестра – е негова гордост и радост.
Во текот на целата вечер, Елтон и Бренди добиваа голем број видео пораки од бројни обожаватели и колеги, меѓу кои и Ед Ширан и Дуа Липа.