Европскиот суд донел одлука со која се ослободуваат убијци, силувачи и педофили порано да излезат на слобода

Осудени силувачи, педофили и предатори во Романија ќе бидат ослободени порано од затвор поради одлуката донесена во Европскиот суд за човекови права.

Само минатиот месец 530 затвореници биле пуштени на слобода. Меѓу нив имало 33 убијци, 47 силувачи и двајца педофили.

Кога новиот закон стапил во сила, бројот на убијци и сексуални престапници е зголемен на улиците.

Овој план е поддржан и нареден од страна на Европскиот суд за човекови права во Романија сѐ со цел за да ја ублажи кризата со пренатрупаноста во осиромашената земја. Тој е донесен и поради нечовечниот и понижувачки затворски систем.

3.500 затвореници ќе имаат право на условна слобода овој месец поради намалување на казните и се проценува дека ќе има 800 затвореници што ќе имаат корист од новиот закон само во првата година.

Планот за ослободување затвореници предизвика страв кај населението дека некои ослободени затвореници може да претставуваат опасност за јавноста. Сите затвореници сега имаат право на привремено ослободување, без оглед на тежината на своето злосторство.

Но, медиумите пренесоа вест за еден затвореник кој бил ослободен една година претходно по отслужената 10-годишната робија. Тој силувал жена и извршил грабеж во Букурешт само четири дена по пуштањето на слобода.

Претходно оваа година Европскиот суд за човекови права ги критикува романските услови во затворите кога четири затвореници поднеле тужби за пренатрупаност, нехигиенски услови и лошата исхрана.

Во април судот кој не бил тело на ЕУ, но бил дел од Државниот совет на Европа, изјавил дека во Романија потребен е план за подобрување на затворските услови.
Портпаролот на Советот на Европа тогаш изјави:

„Имаше низа пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права во врска со неадекватните услови во затворите во Романија, кои се уназадуваат веќе неколку години.

Советот на Комитетот на министри на Европа соработува со романските власти за решавање на ваквите прашања.

Романскиот министер за правосудство, Тудорел Тоадер, признал дека е шокиран од бројот на затвореници што имале корист од новите мерки велејќи дека не очекува ефектот да биде толку голем.

Сорин Думитраску, претседателот на Федерацијата на затворскиот синдикат, изјави:

„Никој не верува дека спроведените мерки се наменети за редовните затвореници. Мнозинството во Романија веруваат дека тоа е направено само поради политичарите“.

 

Scroll to Top