Европските политичари ја фалсификуваат историјата, тврди Путин

Вистината за Втората светска војна свесно се премолчува во денешна Европа, со намера да вината за избивање на конфликтот со нацистите се префрли на комунистите, тврди рускиот претседател Владимир Путин.

Тој вели дека Западот тоа го прави за да ги сокрие непријатните детали од сопствената историја. На неформалниот состанок на лидери на земји на Заедницата на независни држави (ZND) Путин претстави низа на документи од периодот на Втора светска војна, на кои им е тргната ознаката за доверливост.

Тој им наложи на клегите од ZND да достават копии од архивските материјали кои се однесуваат на предисторијата на почетокот на Втората светска војна. Станува збор за архивски документи претставени на историско-документарната изложба „Година 1939. Почеток на Втората светска војна“, која стои во Претседателската библиотека „Борис Елцин“ во Санкт Петербург.

Претставените архивски документи, филмската хроника и фотографиите говорат за настаните кои довеле до глобален конфликт и овозможуваат да се разберат причините за тоа што не успеало да се создаде широка антихителрова коалиција со учество на Советскиот Сојуз.
Изложбата го опфатила периодот од состанокот во Минхен на 29 и 30 септември 1938 година, на кој лидерите на Германија, Велика Британија, Франција и Итаија потпишале договор за ликвидација на Чехословачка како суверена држава до продлабочување на светската политичка криза во 1939 година и нападот на Германија врз Полска на 1 септември 1939 година.
Централната тема на изложбата била политиката на замрувањето на Хитлер која довела до кардинални промени во рамнотежата на сили во Европа во корист на нацистичка Германија и до конечниот крах на Версајскиот систем на меѓународни односи и избивање на Втората светска војна.
Најголемото внимание е посветено на англиско-француските-советските политички и воени преговори кои се одржани во Москва во периодот од јуни до август 1939 година, кои во голема мера го одредувале распоредот на сили во Европа пред почетокот на Втората светска војна.
Документите говорат за воздржаност на Велика Британија и Франција да направат рамноправен воен-политички пакт со Советскиот Сојуз, како и со категорично одбивање на Полска да прифати советски предлози за борба против германската експанзија.
Единствениот архивски документ ги покажува интересите за секој од учесниците во идните светски конфликти. Меѓу нив се текст од договорот во Минхен направен во 1938 година, англиско-германскиот договор и француско-германската декларација од 1938 година.
„Да, ние знаеме кој е Сталин. Ги дадовме нашите оценки, но мислам дека останува факт дека токму фаштистичка Германија на 1 септември 1939 година ја нападна Полска, а на 22 јуни Советскиот Сојуз“, нагласил Путин за време на средбата со лидерите на ЗНД.
Говорејќи за сегашните случаи за уништување на гробови на советските војници и нивно негирање, рускиот претседател навел дека борците на Црвената армија, кои ги подигнале тие споменици во Европа се најобични луѓе.
„Тоа беа воглавно селани и работници. Многу од нив настрадаа од истиот тој режим на Сталин. Некој беа испратени во логори. И тие луѓе загинаа ослободувајќи ја земјата Европа од нацизмот. Сега нивните споменици се отстрануваат, за да не испливаат овие факти за практичен заговор на поедини раководители на европските земји со Хитлер. Тие со ова не им се одмаздуваат на болшевиците, туку прават сè за да ја сокријат сопствената позиција“, нагласил Путин.
Претседателот Путин изјавил дека денешната русофобија и антисемитизам во поедини европски држави многу потсетува на она што се случувало за време на Втората светска војна во Европа.
„Може да се каже дека тоа е типичен пример на расизам. Презирања на луѓе кои се сметаат за пониска раса, меѓу кои има и Руси, Белоруси, Украинци, Полци. Вие знаете дека јас гледам што се случува во поедини земји во Европа, во врска со русофобијата, антисемитизмот. Тоа многу ме потсетува на нешто друго“, изјавил Путин.

 

Путин предупредил дека агресивниот национализам секогаш заслепува, дека се бришат моралните граници.

„На крајот тоа ќе ги стигне и нив самите. Тоа се покажало многупати низ историјата. На Запад се шири страв од Русија и од советскиот период. Ништо не е сменето од порано. Не е важно каква е Русија, смислата е иста“, истакнал Путин и објаснил дека за да го ослабат Советскиот Сојуз, тогашните западни политичари биле подготвени дури и да прифатат договор со нацистичка Германија, што во суштина е потврдено и во документите.

 

 

 

Scroll to Top