ФБИ се ослободува од сите докази поврзани со вториот напаѓач во Лас Вегас

Благодарение на акустичната форензичка анализа која ја објави ФБИ, истражувачката американска агенција сега знае дека имало и втор напаѓач за време на масакрот во Лас Вегас.

Математиката е неоспорна, а акустичната анализа докажува дека постоел и втор стрелец.

Па се поставува прашањето зошто ФБИ ги брише сите докази за вториот напаѓач.

Според порталот „Дејли Шепл“:

Според неколку извештаи, како и дополнителни извори кои ги цитираше „Инфоворс“, луѓето кои работеле на кантри концертот „Route 91“ каде што се случи масакрот, ги добиле назад своите мобилни и преносливи компјутери, кои претходно им беа запленети од ФБИ за потоа да откријат дека сите нивни видеоматеријали и пораки поврзани со ноќта од страшниот напад во целост се избришани.

Фејсбук-статусот што го напиша жител на Лас Вегас кој работел на концертот гласел:

„Група луѓе кои работеа на концертот ги добија своите мобилни назад. Сите рекле дека сите нивни материјали во истите во целост биле избришани! Сите пораки и информации поврзани со денот на масакрот во целост исчезнаа. Дали уште некој имал вакви искуства?“.

Најновата објава на „Дејли Шепл“ исто така потврдува дека дури и локалната полиција верува дека се случува прикривање на вистината од страна на ФБИ.

Полицајците кои работат во одделот на полицијата во Лас Вегас Метрополитан веруваат дека имало повеќе од еден напаѓач и дека службениците се зафатени со  прикравање на доказите за да не се открие шокантната вистина. Постојат најмалку шест различни изјави на сведоци кои велат дека постоеле неколку убијци, додека властите и медиумите очајнички се обидуваат да ги уверат Американците дека само еден старец го извел најголемиот масакр во историјата на земјата.

ФБИ знае дека имало и втор стрелец во Лас Вегас.

Со години ФБИ спроведува лажни анализи во лаборатории каде што произведува лажни докази за да испрати некои лица во затвор. За жал, ФБИ има долга историја на докажани измами, што е жално, затоа што сите ние сакаме ФБИ да ја работи својата работа.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top