Уште додека го снимале првиот филм „Војна на ѕвездите“, САД паралелно со него развивале вселенско оружје, велат двајцата експерти Марко Чавиќ и Андреј Млакар, кои работат како уредници во рубриките „Смартлајф“ и „Планета“, на српските сајтови „Мондо“ и „Курир“.
Двајцата за утринската приграма на Курир.рс телевизијата зборуваа за напредокот во развојот во енергијата и ласерското оружје.
„Целата приказна околу вселенското оружје е многу интересна. Американците во еден период тоа го нарекоа ‘Војна на ѕвездите’, а поранешниот американски претседател Џорџ Буш подоцна како одбранбена иницијатива. Тогаш во целата приказна се вклучија и Кинезите“, рече Млакар.
Тој објасни дека целата приказна за вселенското оружје е постара и од серијалот филмови за „Војна на ѕвездите“, чиј прв дел излезе во 1977 година.
„Приказната за вселенската војна датира одамна. Вселенската војна е иницијатива која датира уште од времето на Роналд Реган, односно и многу порано во 60 години од 20 век. Имаше потреба да се постави и инсталира одредено оружје за да може на Земјата да се нападне некоја одредена цел. Има еден текст од 1962 година во кој Африка беше замислена како клучна база, кога Америка требаше да го нападне Советскиот Сојуз, а тоа подоцна се прошири на ракетни и антиракетни штитиови“, рече Млакар.
Тој се осврна и на еден интересен детаљ од надворешно политичките односи меѓу Израел и САД.
„Израелците повремено сакаа да им наштетат на нивните верни пријатели Американците, кога во 2001 година на Кинезите им продадоа 3 комерцијални сателити. Токму од тие сателити подоцна настана нивната продукција на сателити ‘Бежинг’ 1, 2, а сега и 3“, додаде Млакар.
Чавиќ кој работи како уредник на рубриката „Смартлајф“ на сајтот „Мондо“, рече дека наскоро сите ќе имаме можност да ги следат сите детали кои се случуваат во светот во врска со вооружувањето.
„Ако се сетиме пред крајот на годината се појави информација дека Google Earth сними невидлив бомбардер на американската војска, во близина на Мисури. Наводно на една од снимките се виде флека, која всушност беше бомбардерот B2“, рече Чавиќ.