Некогашнот шести тенисер на светот, Французинот Жил Симон, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по бруталните напади од делот на светската јавност поради туринирот Адриа Тур. Тој смета дека зад нападите на Новак Ѓоковиќ се крие американски интерес.
Симон во интервју за специјализираниот портал Tennis break news, обајснил зошто многумина не го сакаат Новак Ѓоковиќ.
„Лесно е да се открие од каде дојде првиот бран на критики против Ѓоковиќ. Од кога американскиот тенисер Ноа Рубин има цела страница за напади на Ѓоковиќ? Кого го интересира неговото мислење? Американското мислење кое го имаме овде во Франција, Американците го имаат и дома кај нив. Новак се обидува да направи многу работи, а тоа ја нервира Американската тениска федерација, која сака да го организира УС Опен. Тие се обидуваат да ги убедат сите дека турнирот треба да се организира на нивен начин, но имаат светски играч број еден кој вели не. Ноле вели дека нема да се игра под такви услови. Затоа тие не се задоволни. Неверојатно е да ги видите американските играчи кои го напаѓаат Новак, затоа што не сака да игра на нивен терен. Имате цела група на играчи кои велат дека тие мораат да играат дома“, вели Симон.
Тој објаснува дека постојат цела плеада на луѓе кои го мразат Новак Ѓоковиќ.
„Постојат многу луѓе кои се среќни да го видат Ѓоковиќ слаб, затоа што тој им го зазема местото. Тие го обвинуваат Новак дека целата вина е негова и дека турнирот можело подобро да се организира, ако некои од нив го има главниот збор. Тоа е затоа што не сакаат тоа да се рефлектира на нивните турнири. Тоа е безначајно, не се случува случајно. Новак е многу добра личност и целата вина ја превзема на себе. Нападот кон него сметам дека е политика“, изјавил Симон.