Мас пред новинарите во Брисел образложи дека Германија издала забрана, во блиска соработка со земјите Франција која е дел од Шенгенската зона и Британија која не е во таа зона, пренесува агенцијата АП.
Мас навел дека и претходно имало повеќе прашања отколку одговори во однос на ова прашање, поврзани за самиот злостор и оние кои стојат зад него. Мас изјавил дека станува збор за 18 државјани од Саудиска Арабија, кои наводно имаат врска со убиството, но не обелодени повеќе дополнителни информации за овие лица.
Неговата канцеларија во Берлин соопштила дека не можат да ги објават нивните имиња поради германскиот закон за приватноста.
Доналд Трамп нема желудник да ја гледа снимката од убиството на Кашоги
Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил денес дека му била достапна аудио-снимка од убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги, во саудискиот конзулат во Истанбул, но дека тој не сакал да ја слушне затоа што нејзината содржина била многу насилна.
President Donald Trump says he will not listen to the tape of the killing of Saudi journalist Jamal Khashoggi. https://t.co/5Zm27w2Kxp
— The Associated Press (@AP) November 18, 2018
„Имаме снимка, но не сакам да ја слушнам. Тоа е снимка за болка“, изјавил Трамп за телевизијата „Фокс“.
Американскиот претседател изјавил дека му било пренесено се за тоа што содржи во таа снимка.
„Точно знам што се случило. Тоа е многу насилно, многу злобно и ужасно“, додал Трамп.